Нашата заедничка иднина: Перспектива од долу нагоре – Младите од Западен Балкан за иднината на Европа
Пролетта 2021 година, Европската Унија ја лансираше повеќејазичната платформа на Конференцијата за иднината на Европа (CoFoE). Иницијативата, којашто ќе трае до пролет 2022 година, претставува дел од еден сеопфатен процес на разговори во кој земјите од ЕУ, но и оние земји коишто не се членки на ЕУ, споделуваат размислувања за иднината на нашиот континент. За жал, и покрај тоа што земјите од Западен Балкан се во процес на европски интеграции и им беше ветена иднина е во ЕУ, тие не беа официјално вклучени во она што се очекуваше да биде најинклузивниот и најпофалниот настан во ЕУ. Сепак, мора да се признае, носителите на одлуки од Западен Балкан вложија минимални напори да бидат вклучени во дебатата. Овој документ за политики опфаќа податоци собрани во Босна и Херцеговина, Косово и Северна Македонија и има за цел да го засили гласот на младите во дебатата за иднината на Европа.
Во завршниот дел, документот презентира практични чекори коишто можат и треба да се преземат како поддршка на продлабочувањето на европската демократија. Ова вклучува мерки за унапредување на соработката на чинителите од целиот регион, механизми за градење мостови на ангажман меѓу младите од земјите членки на ЕУ од регионот и младите од земјите коишто не се членки на ЕУ од регионот, како и двонасочни процеси на граѓански ангажман и механизми за повратни информации со кои се врши процена на влијанието на ангажманот. Најпосле, ваквите практични пристапи не зависат од нови инструменти, туку од преориентација на постоечките.