Дискусија за јавни политики во областа правда
Институтот за европска политика ќе организира настан од проектот „Следење на владеењето за раст во областа на правдата – JuDGMeNT“ за следење на реформите според Стратегијата за Југоисточна Европа 2020. На настанот ќе се одржи дискусија за јавните политики за прекуграничната судска соработка.
Настанот ќе се одржи на 28 ноември 2016 година (понеделник) во Скопје, во хотелот „Холидеј Ин“, со почеток во 12:30 часот.
Проектот „Следење на владеењето за раст во областа на правдата (JuDGMeNT)“ е финансиран од Регионалниот совет за соработка, во рамките на спроведувањето на Стратегијата за ЈИЕ2020.