Зајакнување на организациите за заштита на потрошувачите за подобри општински услуги во Југоисточна Европа
Acquis на ЕУ и секторски политики: Зајакнување на организациите за заштита на потрошувачите за подобри општински услуги во Југоисточна Европа
ЕПИ, во својство на партнер учествува во имплементација на проектот “Зајакнување на организациите за заштита на потрошувачите за подобри општински услуги во Југоисточна Европа”. Главната цел на проектот е да се зајакнат капацитетите на организациите на потрошувачите во застапување на правата на потрошувачите на општинските услуги во Југоисточна Европа .
Проектот е финансиран од страна на германската организација за меѓународна соработка (Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit) – ГИЗ, преку Отворен Регионален Фонд за Модернизација на Општинските услуги и се спроведува од страна на Think for Europe Network (TEN). Оваа мрежа во овој момент ја сочинуваат три регионални организации: Институт за европска политика (ЕПИ) – Скопје, Центар за европски политики (ЦЕП) – Белград, Институт Алтернатива – Подгорица.
Во проектот од ЕПИ ќе работат Др.Малинка Ристевска Јорданова, директор и мр. Ардита Абази Имери, Програмски координатор за секторски политики.