Извештај од Мониторот за РЈА во Северна Македонија: Организација, Отчетност и надзор – 2024/2025

Овој извештај ја оценува отчетноста и транспарентноста на државната администрација преку набљудување на два аспекта: 1) реактивна транспарентност – слобода на информации и 2) проактивна транспарентност. Првиот аспект го оценува степенот до кој е обезбедена ефективна реактивна транспарентност преку спроведливи права за слободен пристап до информации, институционален надзор, усогласени одговори од страна на органите на јавната власт, ефективни санкции и доверба на јавноста во остварувањето на правото за пристап до информации од јавен карактер. Вториот аспект испитува дали органите на јавната администрација систематски објавуваат сеопфатни, ажурирани, достапни и прилагодени за граѓаните информации за нивната работа, организација, услуги, буџети и процесите на донесување одлуки, истовремено разгледувајќи ја и достапноста на отворените податоци.