Усогласување на политиката на Северна Македонија за ВИ со политиката на ЕУ: премостување на регулаторниот јаз

Оваа анализа има за цел да истражи како Законот за ВИ на Европската Унија ќе влијае врз правната и институционалната подготвеност на Северна Македонија за интеграција во ЕУ, со фокус на потребните структурни, правни и институционални реформи што земјата мора да ги преземе за да ги усогласи законите со стандардите на ЕУ. Без ова усогласување, земјата ризикува регулаторна фрагментација, намалена доверба во системите за ВИ и можно пролонгирање на процесот на пристапување. Доколку националното законодавство не се усогласи со европското право (acquis communautaire) – поточно со Законот за ВИ во овој случај – тоа ќе сигнализира недоволна усогласеност со дигиталните стандарди и стандардите за заштита на податоците на ЕУ, ќе го поткопа кредибилитетот на земјата како кандидатка за членство во ЕУ и ќе ја ослабне нејзината рамка за заштита на податоците, која сè уште е во развој.