Краток документ: Владеење на правото во поглед на пристапувањето во ЕУ – октомври-декември 2024

Овој краток документ дава преглед на клучните случувања поврзани со владеењето на правото во поглед на пристапувањето на Република Северна Македонија во ЕУ за периодот од октомври до декември 2024 година. Тој вклучува следење на основните елементи на пристапувањето во ЕУ, вклучувајќи ги и клучните случувања во областа на функционирањето на демократските институции, реформата на јавната администрација и Поглавјето 23: правосудство и темелни права.