[Инфографик] Национална дебата за државните позиции во меѓународните односи

Инфографик со резултатите од четвртата Национална дебатна анкета, која Институтот за европска политика (ЕПИ) ја спроведе во соработка со Deliberative Democracy Lab од Универзитетот Стенфорд од САД. Темата на овогодинешната дебатна анкета беа државните позиции во меѓународните односи.

Дебатната анкета® е уникатна форма на политички консултации која ги комбинира техниките на испитување на јавното мислење и јавната расправа, за да претстави како би изгледало јавното мислење на одредена тема, доколку граѓаните би имале можност повеќе да се запознаат со темата. Дебатната анкета ги прикажува преференците и мислењата на граѓаните, пред и по детално запознавање со темата.

Comments are closed.