[Материјали за информирање] Национална дебата за државните позиции во меѓународните односи
Овој документ претставува преглед на две теми за дискусија од делиберативното истражување на јавното мислење. Во документот се застапени:
1. Информации за надворешната политика на Северна Македонија и нејзината усогласеност со Заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската унија.
2. Информации за членството на Северна Македонија во НАТО.
3. Неколку можни приоди кон политиките во однос на двете теми, а застапени се и аргументи за придонесите и предизвиците во однос на процесот на успешна демократска транзиција на земјата.
Има повеќе теми за кои може да се дебатира во овој контекст, но со оглед на временското ограничување, дебатата и, следствено, овој документ се сосредоточуваат врз значајноста на усогласувањето на надворешната политика на Северна Македонија со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската унија, санкциите како најзначајна алатка на Заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската унија и ефектите од санкциите врз Русија во Северна Македонија, јавното мислење и дилемите за членството во НАТО, како и ефектите од членството во НАТО. И покрај тоа што овој документ не ги изнесува сите можни приоди кон политиките и аргументите за и против таквите политики, сепак служи како основа за поттикнување на дискусиите. Следствено, документот служи како основа за поттикнување дискусии за овие теми.