Годишен преглед на владеењето на правото во ЕУ 2023 година
Работата на ЕПИ е фокусирана на потребите и ограничувањата на Северна Македонија како земја-кандидат, која го чекаше почнувањето на пристапните преговори повеќе од една деценија, додека бележи пад на поддршката за членство во Европската унија и политичката нестабилност во последниве години. Во рамките на програмата за владеење на правото, ЕПИ внимателно го следи нивото на усогласеност со принципот на владеење на правото во земјите-членки на ЕУ и земјитекандидатки, со цел да научи корисни лекции и да ги презентира пред релевантните засегнати страни и граѓаните на Северна Македонија, бидејќи овие лекции ќе треба да се спроведат сега како земја-кандидат и како земја-членка во иднина. ЕПИ исто така ги следи настаните во земјата во следните области во согласност со структурата за преговори за пристапување во ЕУ: функционирање на демократските институции, реформа на јавната администрација и Поглавје 23: правосудство и темелни права.
ЕУ се заснова на владеење на правото, што подразбира дека секоја нејзина постапка е заснована на договорите одобрени доброволно и демократски од сите земји-членки на ЕУ. Земјитекандидатки за пристапување во ЕУ мора да ги почитуваат и правата и обврските утврдени во Европската конвенција за човекови права и Повелбата за основните права на ЕУ. Овој годишен преглед поконкретно се фокусира на различни аспекти поврзани со Поглавјето 23, проблеми со кои се соочуваат земјите-членки и земјите-кандидатки подеднакво и можните решенија за нив.