Овој краток документ дава преглед на клучните случувања поврзани со владеењето на правото во поглед на пристапувањето на Република Северна Македонија во ЕУ за периодот од јули до септември 2023 година. Тој вклучува следење на суштинските аспекти на пристапувањето во ЕУ, вклучувајќи ги и клучните случувања во областа на функционирањето на демократските институции, реформата на јавната администрација и Поглавјето 23: судството и темелните права.