Краток документ: Владеење на правото во контекст на пристапувањето кон ЕУ – април-јуни 2023 година
Овој краток документ дава преглед на клучните случувања поврзани со владеењето на правото во Северна Македонија во поглед на пристапувањето во ЕУ за периодот од април до јуни 2023 година. Тој вклучува следење на суштинските аспекти на пристапувањето во ЕУ, вклучувајќи ги и клучните случувања во областа на функционирањето на демократските институции, реформата на јавната администрација и Поглавјето 23: судството и темелните права.