Регулирање и борба против говорот на омраза во Европската Унија и во Хрватска – приод од позиција на човековите права?
Овој документ дава увид во најновата правна рамка и политики во борбата против говорот на омраза, особено говорот на омраза на интернет, во Европската Унија и во Хрватска како најмлада земја членка. Тој се фокусира на приодот од позиција на човековите права во борбата против говорот на омраза и на промовирањето на слободата на изразување, укажувајќи на некои од работите што загрижуваат и можните идни решенија засновани на приодот од позиција на човековите права.