Отворен Балкан, Берлинскиот процес и правото на Европската Унија (ACQUIS)

Кога малкумина сметаа дека креативноста за уште еден регионален формат не може да вроди со плод, Албанија, Северна Македонија и Србија настапија заедно и ја објавија иницијативата Отворен Балкан (ИОБ). Оваа иницијатива се разликува од другите по тоа што е домашна, но исто така е создадена и ја водат самите држави. Со оглед на фактот дека ИОБ функционира во тандем и во рамките на веќе постоечки иницијативи, се поставува прашањето на нејзина неопходност и усогласеност со постоечките иницијативи.

Сите шест држави од Западен Балкан (WB6) веќе се определиле за регионална соработка во рамките на Регионалната економска област (REA) во 2017 и подоцна за Заедничкиот регионален пазар (CRM) во 2020. Една нова иницијатива со слична природа го наметнува прашањето колку таа е слична или ризична; дали носи некакви новини или иновации во проектите за регионална интеграција коишто беа промовирани во рамките на Берлинскиот процес или можеби претставува само повторување на веќе постоечките иницијативи.

Регионалната соработка оди рака под рака со перспективата на шесте држави од Западен Балкан (WB6) за членство во ЕУ. Сепак, сите држави се наоѓаат во различна фаза од процесот на приклучување и нивото на подготвеност за преземање на обврските од членството во ЕУ и од Единствениот пазар е различно а сите. Ова го наметнува прашањето дали ИОБ се вклопува во пристапниот процес и дали придонесува кон исполнување на условите за членство во ЕУ.

Comments are closed.