Политика за проширување на ЕУ: Дали претстојат есенски ветришта на промени?
Дваесет години европска интеграција не ја донесоа ниту ветената конвергенција меѓу земјите од регионот и земјите-членки, ниту членството во ЕУ на земјите од регионот. Наместо тоа, патот за пристапување кон ЕУ станува сè понапорен за земјите со тие аспирации на Балканот, а дестинацијата – т.е. влезот во ЕУ – сè понедопирлива, вклучително и за земјите-кандидати што се сметаат за фаворити. Покрај тоа, истите трнливи прашања за државноста и демократското владеење во регионот и хаотичната посветеност на проширувањето во главните градови на ЕУ продолжуваат да го предизвикуваат кредибилитетот и трансформативната моќ на политиката.