Анализа за примена на медијацијата во Северна Македонија

Анализа за примената на медијација во Северна Македонија подготвена во рамките на проектот „Медијација, без дилема“ кој го спроведува Институтот за европска политика (ЕПИ)- Скопје го спроведува во соработка со Академија за судии и јавни обвинители ,,Павел Шатев’’, Комора на медијатори на Република Северна Македонија и Холандска федерација на медијатори. Проектот е финансиран од Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје.

Анализата за примена на медијацијата е поделена на два дела. Првиот дел се однесува на теоретската анализа на медијацијата, законските решенија за медијацијата и релевантното законодавство од граѓанска, кривична област, како и законодавството за деца. Вториот дел се однесува на квантитативната анализа на примената на медијацијата во практиката од сите релевантни чинители – судовите, обвинителството, медијаторите, приватниот сектор.

Comments are closed.