ОТВОРЕНО ПИСМО до пратениците на Европскиот парламент во врска со Нацрт-резолуцијата за Извештајот на Европската комисија за Република Северна Македонија за 2021 година
Институтот за европска политика заедно со Civil Rights Defenders и членките на мрежата „Мисли за Европа“ испратија отворено писмо до пратениците во Европскиот парламент во врска со нацрт-резолуцијата за Извештајот на Комисијата за 2021 година за Северна Македонија.
Ги повикуваме да размислат за делови од резолуцијата и условите псотавени од Бугарија кои ќе имаат негативни импликации за македонскиот идентитет и ќе го поддржат ултиматумот што Бугарија го наметнува на Северна Македонија, користејќи го членството во ЕУ како алатка.
Доколку билатералните прашања наметнати од Бугарија влезат во процесот на пристапување, суштината на ЕУ да биде трансформативна сила за општеството и процесот на европеизација не само што ќе бидат загрозени, туку процесот ќе биде спротивен на вредностите на Унијата.
Тоа не се вредности во кои што верувавме. Тоа не се вредности за кои што се боревме дома, постојано залагајќи се за реформи поврзани со пристапувањето во ЕУ.
Прочитајте го целосно писмо на линкот.