Локални дебатни настани: Граѓан(к)ите сè погласни за општествените прашања
Процесот на европеизација и стремежот кон исполнување на европските стандарди веќе подолг период јавува голем интерес помеѓу граѓан(к)ите во однос на индивидуалните цели на Република Северна Македонија. Дополнително, 2020 година, беше обележана од КОВИД-19 кризата, при што на површина ги исфрли главните потешкотии на организација на власта, нејзиното функционирање и начин на справување во кризни моменти. Во период каде државата треба да е целосно обединета и подготвена во однос на справување со главните предизвици за време на пандемијата, слабите и задоцнети реакции на националните власти, предизвикаа генерално негативни реакции кај граѓан(к)ите. Државата ги согледа потешкотиите од самостојното справување со кризата, а пак на граѓан(к)ите им стана јасно каде се пропустите.