Пристапни преговори меѓу ЕУ и Северна Македонија: можните последици на бугарските услови

Пред октомврискиот состанок на Советот на ЕУ во 2019 година, бугарската влада усвои Рамковна позиција, која беше потврдена со Декларација на бугарското Собрание. И покрај поддршката за отворање на пристапни преговори, во позицијата се содржани нови услови за Република Северна Македонија кои наводно произлегуваат од Догoворот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија од 2017 година.

Потоа следеше Изјава на бугарската влада како прилог на заклучоците на Советот одржан во март 2020 година.

Институтот за европска политика – Скопје објави краток документ за политика во кој се анализираат бугарските услови, спородено со билатералниот Договор. Понатаму, овој документ ги истражува можното влијание, како и опциите за надминување на овие предизвици во процесот на пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ, со фокус на претстојната преговарачка рамка на ЕУ во согласност со новата методологија за проширување.

Comments are closed.