Предлог на граѓанските организации за итни демократски реформи 2017
Овој заеднички потфат е одговор на променетата политичка ситуација, т.е. формирањето нова влада која изрази подготвеност да работи во насока на демократски реформи во земјата. Со овој документ, вклучената група граѓански организации и експерти го дава своето видување за приоритетите и мерките што треба да ја насочат владината програма во следните 12 месеци.