Институтот за европска политика (ЕПИ) – Скопје има потреба од лице задолжено за комуникации и односи со јавност. Лицето ќе биде задолжено за комуникациските активности на ЕПИ. Позицијата предвидува полно и редовно работно време,[1] со повремени попладневни и викенд ангажмани при организација на настани. Позицијата овозможува можности за личен развој и надградба, компетитивна компензација и динамична работна средина.

Опис на позицијата

Потребни квалификации

Документи за пријавување

1. CV (на македонски јазик).
Појаснување: Форматот на CV не е важен, но истото задолжително мора да содржи информации за: работно искуство (работна позиција, опис на работни активности, работодавач и датуми), формално образование (полна листа), неформално образование (само од релевантност за огласот), јазици (со задолжителен осврт на ниво на познавање јазиците наведени во делот за “Потребни квалификации” во овој оглас) и компјутерски вештини (со задолжителен осврт на ниво на познавање на програмите наведени во делот за “Потребни квалификации” во овој оглас). Доколку имате публикации или други објавен материјал Ве молиме наведете ги. Во овој дел можете да ставите и интернет врска до профили на социјалните медиуми кои Вие сте ги користеле или одржувале за професионални цели доколку сакате да ги земеме предвид.

2. Пропратно писмо (на македонски јазик).
Појаснување: Во ова писмо очекуваме да ни кажете зошто сте заинтересирани за оваа позиција и како Вашите квалификации одговараат на позицијата, преку директно поврзување на Вашето досегашно работно искуство и/или образование со квалификациите кои се бараат според овој оглас. Примери од претходно искуство на исполнување на предвидените задачи во овој оглас ќе бидат повеќе од добредојдени.

3. Пример од Ваш текст.
Појаснување: Пример или извадок од Ваш пишан труд, колумна, статија и слично (на македонски или англиски јазик).

Вака подготвената апликација треба да ја пратите по електронска пошта на [email protected] и [email protected] со наслов ЕПИ_(датум)_(име и презиме). Ве молиме сите документи да ги испратите во PDF формат. Рокот за пријавување е шести (06) јануари 2019 година.

Кандидат/к/ите кои ќе ја поминат првата фаза на разгледување на пријавите ќе бидат повикани на тестирање, по што тие што ќе бидат најдобро оценети на тестот ќе бидат повикани на интервју. Целиот процес на селекција се очекува да заврши во рок од три недели од рокот за пријавување, така што кандидат/к/ите треба да се достапни за тест и за интервју во периодот од 10ти до 18ти јануари 2019 година.

 


[1]   На барање на избраниот кандидат/ка, постои можност за работење со флексибилно работно време или за работа на пола работно време за првите два месеца од ангажманот.