Институтот за европска политика (ЕПИ) – Скопје, во рамките на проектот „Градиме мостови за заедничка иднина: Владеење на правото во насока на пристапувањето во ЕУ“ организира фокус група за студенти и претставници на граѓански организации во врска со подобрување на МК-ЕУ Ресурсниот центар (merc.org.mk).
Целта на фокус групата е да се чујат ставовите на граѓаните за функционалностите на МЕРЦ, како и да се добијат предлози и идеи за идни ажурирања на платформата со цел подобрено користење.
МЕРЦ 23 (merc.org.mk) претставува датабаза која овозможува категоризација, накрсно референцирање и структурно претставување на постоечката документација во земјата и Европската Унија за областите од Поглавјето 23 – правосудство, антикорупција и темелни права. Согласно структурата, МЕРЦ овозможува детален преглед и на подобластите со цел поблиско доближување на содржината до пошироката јавност.
Клучните придобивки од ваков тип на веб алатка е овозможување на лесен пристап до документацијата со која се располага за дадената област и со тоа создавање на можност за брзо пребарување и користење на материјалите при следењето и евалуацијата на политиките од Поглавјето 23.
Фокус групата ќе се одржи на 29 декември 2025 година во 12 часот, онлајн преку платформата Zoom и е планирано да трае до 90 минути. Во фокус групата се канат да учествуваат студенти од сите универзитети во државата, професори, претставници на граѓански организации, како и заинтересирани граѓани.
За учество во фокус групата пријавете на следниот линк: https://forms.gle/kBsSC1dKyKo7WvN57, најдоцна до сабота, 27 декември.
За учество во фокус групата следи паричен надомест од 1500 денари.




