Извештај од локалните дебатни настани: Новите геополитички случувања и влијанието врз Северна Македонија
Институтот за европска политика – Скопје организираше три локални дебатни настани во Тетово, Битола и Скопје во периодот помеѓу февруари и октомври 2023 година. Овие дискусии имаа цел да ги вклучат граѓаните во сеопфатни дебати со релевантни носители на одлуки и експерти, да ги чуе нивните мислења за клучните теми и да овозможи поголема информираност и вклученост на граѓаните во процесот на носење одлуки.
Вкупно 82 граѓани, од различни региони, учествуваа на овие настани, дискутирајќи меѓу себе, со модератори и експерти на темата „Новите геополитички случувања и влијанието врз Северна Македонија“. Заклучоците и препораките од овие дискусии ќе послужат како основа за четвртата Национална дебатна анкета, што ЕПИ ќе ја спроведе во 2024 година, во соработка со Центарот за делиберативна демократија од Универзитетот „Стенфорд“ од САД. Локалните дебатни настани и националните дебатни анкети целат да ги вклучат граѓаните во значајни дебати, обезбедувајќи им можност да се вклучат и да ги обликуваат политиките што влијаат на нивните животи.
Со цел поавтентично пренесување на дебатите, извештајот задржува послободна форма и нарација.