Повик за учество на дебатен настан во Тетово
Институтот за европска политика (ЕПИ) – Скопје објавува повик за учество на дебатен настан „Новите геополитички случувања и влијанието врз Северна Македонија“.
Настанот е замислен да биде поделен во два дела, првиот дел ќе се фокусира на дискусијата на учесниците каде учесниците ќе разговараат за дадената тема едни со други според прашањата подготвени од модератор, додека вториот дел се однесува на сесијата со прашања и одговори на кој одговори би давале министерот за надворешни работи Бујар Османи и ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, Абдулменаф Беџети.
Овој е прв од трите планирани дебатни настани, во кои граѓаните ќе дискутираат за ефектите од војната во Украина врз Северна Македонија, пристапувањето на Северна Македонија во Европската Унија и нашата улога како земја членка на НАТО. Оваа дискусија, заедно со останатите дебатни настани кои ќе се организираат во други градови, ќе биде основа за организирање на Националната дебатна анкета во 2024 година.
Настанот ќе се одржи на 21 февруари во 10 часот на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово и предвидено е да трае 3 часа.
За учеството на настанот е предвиден паричен надомест од 933 денари (бруто).
Пријавете се за учество на локалниот дебатен настан во Тетово со пополнување на прашалникот. Настанот е наменет за жители на Полошкиот регион.
Пријавувањето е отворено до 19 февруари, а избраните учесници ќе бидат информирани на 20 февруари.
За повеќе информации и прашања може да се обратите на [email protected].