Проверка на фактите на интернет
Оваа серија инфографици ги презентира заклучоците од граѓанските консултации со млади „Се слушаме ли преку екранот – Младите за безбеден интернет простор“. Овој настан имаше за цел да ги разбере позитивните или негативните искуства на учесниците на Интернет, и нивните мислења за тоа кои активности и кои засегнати страни треба да ги спроведат тие активности за да се подобри искуството на Интернет. Извештајот од настанот е достапен на следниот линк.
Настанот беше организиран како дел од проектот „ Направи иднина заедно: ЕУ и Западен Балкан од младинска перспектива“ спроведен од Институтот за европска политика – Скопје во соработка со организациите членки на мрежата Think for Europe- TEN. Методологијата за спроведување на овој настан ја подготви Европскиот центар за политика (EPC) – Брисел.
Проектот е финансиран од програмата „Европа за граѓаните“.