Студија „Користењето на фондовите на ЕУ во Македонија“
Со цел да се унапреди парламентарната вклученост во следење на користењето на средствата од фондовите на ЕУ, Институтот за европска политика започна со реализација на повеќегодишна програма „Следење на ИПА“ во чии рамки преку издржани истражувања базирани на факти има за цел да ја поттикне јавната дебата и да даде конкретни препораки кои ќе придонесат за зголемена ефикасност во користењето на европските фондови.
Во рамките на оваа програма, Институтот за европска политика во соработка со Фондацијата Фридрих Еберт- Скопје спроведе истражување за користењето на фондовите на ЕУ во Република Македонија. Целта на истражувањето беше да се утврди ефикасноста на искористувањето на средствата од претпристапните фондови во Македонија (ИПА), нивното влијание, како и проценка на апсорпционите капацитети на Република Македонија.
Истражувањето погледнете го тука.