Мисијата на ЕПИ е преку високо квалитетни истражувања и предлози за европски политики да обезбеди основа за дебата и решенија, насочена кон носителите на одлуки и пошироката јавност.
Цели
Создавање на јавен простор за размена на мислења, со вклучување на носителите на одлуки и засегнатите страни во создавање на европски стратегии и политики
Зајакнување на свеста на јавноста и носителите на одлуки во процесот на пристапување
Промовирање на критичка мисла, истражувања и анализи во создавање и спроведување на стратегии и политики за евроинтеграција
Промовирање на регионална соработка и придонесување кон дебатата за проширување и европеизација на регионот и пошироко
Развивање на дијалог за евроинтеграција со граѓанското општество во Република Македонија, во регионот и во ЕУ
Активности
Произведување на истражувања, студии, анализи и други материјали за анализа и спроведување на ЕУ политики
Објавување на мислења и предлози за стратегиите и политиките за пристапувањето во ЕУ
Следење на развојот на јавната дебата за ЕУ стратегиите и политиките
Организирање на конференции, тркалезни маси, јавни дебати и други форми на дијалог
Обуки посветени на евроинтеграциите
Објавување на брошури, списанија, книги и други публикации
Планирање и реализација на проекти
Вмрежување и комуницирање со други здруженија и организации со слични цели во земјата и во регионот преку размена на искуства и заедничко организирање на настани од регионално значење
Соработка со академски и други институции, невладини организации, бизнис секторот во земјата и во регионот