Донатори

ДомаДонатори
Година Наслов Извор на финансирање Опис Сума Валута Времетраење
од
До
2023 ФРАНЕТ – Агенција за темелни права на ЕУ Агенција за темелни права на ЕУ Агенцијата за темелни права на Европската унија (Fundamental Rights Agency, ФРА) го избра Институтот за европска политика – Скопје (ЕПИ) за свој партнер од Северна Македонија за спроведување на истражувања во врска со прашања од нејзина надлежност. ФРА е една од децентрализираните агенции на Европската Унија и е центар на експертизата за темелни права на Европската Унија. Целта на оваа агенција е да дава експертска поддршка и совети на институциите на Европската Унија и на земјите членки со цел обезбедување на заштитата на темелните права на сите лица кои живеат во ЕУ. Дел од главните теми кои ги обработува Агенцијата се: род и родова еднаквост, ЛГБТИК, Роми, лица со попреченост, расизам и нетолеранција, злосторства од омраза, информатичко општество приватност и заштита на податоци, азил и миграции, пристап до правда и права на детето.
Со ова, ЕПИ станува дел од ФРАНЕТ – мултидисциплинарната истражувачка мрежа на Агенцијата која постои од 2011 година, а во која се вклучени по еден истражувачки партнер или конзорциум од секоја земја членка на Европската Унија, а која од 2018 година се прошири и во Северна Македонија. ФРАНЕТ изработува тематски студии, извештаи и кратки известувања во врска со различни прашања поврзани со темелните права.
Максимум: 220000 EUR 08-05-2023 08-05-2026
2023 Зајакнување на граѓанското општество од западниот Балкан за реформирана јавна администрација – „WeBER 3.0“ Европска Унија „WeBER 3.0“ директно придонесува за јакнење на партиципативната демократија со овозможување ефективно учество на граѓански организации од Западен Балкан и поддржување на инклузивно граѓанско ангажирање во мониторирање на резултатите од процесите на Реформата во Јавната Администрација на сите нивоа, во согласност со барањата на ЕУ (принципи на СИГМА/ОЕЦД). „WeBER 3.0“ ја прикажува клучната улога на граѓанското општество во градењето здрави демократии преку зајакнување на граѓанските организации за да станат сигурен партнер на владите во процесот на пристапување кон ЕУ. Со обезбедување на континуитет во оценката на напредокот на реформите спроведени од локалните актери на граѓанското општество, „WeBER 3.0“ и неговиот темелник – „PAR Мониторинг 2024/2025“ во Западен Балкан, ќе продолжи да ги води владите во регионот кон успешно пристапување и членство во ЕУ . Граѓанските организации, кои што се опремени со докази и знаење, заземаат централно место на патот на регионот кон ЕУ и се осигуруваат владите да не спроведуваат реформски процеси само за да се квалификуваат за членство во ЕУ, но и за да го подобрат животот на граѓаните. 1300000 EUR 01-02-2023 31-07-2026
2023 Заедничка акција за човекови права Европска Унија Главна цел на проектот е промоција и заштита на човековите права во Северна Македонија преку поддршка за парламентарно и граѓанско учество.

 

СПЕЦИФИЧНИ ЦЕЛИ НА ПРОЕКТОТ:

  1. Обезбедување структуриран мониторинг и придонес за заложбите за човекови права од страна на Парламентот и ГО;
  2. Зголемување и градење на професионалните капацитети на главните собраниски тела и клучните граѓански организации кои се занимаваат со различни човекови права, заеднички во консултации со клучните извршни институции;
  3. Подигнување на свеста кај креаторите на јавните политики, парламентот, граѓанските организации и граѓаните за важноста од заштитата на човековите права, во согласност со националните, европските и меѓународните обврски.
220418 EUR 01-02-2023 31-07-2025
2023 Поддршка за РеСПА во нивните напори за продолжување на реформата на јавната администрација во ЕУ-интегративниот процес на Западен Балкан РеСПА Целта на проектот е поддршка за јавните администрации на Западен Балкан да обезбедат подобри услуги за граѓаните и бизнисите. Специфичната цел е да го подобри спроведувањето на клучните полиња за хоризонтална реформа на јавната администрација идентификувани во националните стратегии за РЈА. 16370 EUR 10-01-2023 15-03-2023
2023 Зајакнување на граѓанското општество од западниот Балкан за реформирана јавна администрација – „WeBER Plus“ СМАРТ Балкан – Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан Главната цел на проектот е понатамошно да ги поттикне граѓанските организации во Западен Балкан да се ангажираат во дизајнирањето и спроведувањето на реформата на јавната администрација во согласност со барањата во процесот на пристапување кон ЕУ. 218637 NOK 01-01-2023 30-09-2024
2023 Градиме мостови за заедничка иднина: Владеењето на правото во насока на пристапувањето во ЕУ Европска Унија Организациска поддршка од ЕУ за годишната програма за работа на ЕПИ во однос на владеењето на правото во насока на пристапувањето во ЕУ. 68297 EUR 01-01-2023 31-12-2023
Година Наслов Извор на финансирање Опис Сума Валута Времетраење
од
До
2022 Поттикнување анализа на политики и јавна дебата 3.0 National Endowment for Democracy Проектот има цел да ја зајакне културата на информирана јавна дебата во Република Северна Македонија преку размислување за новите и испреплетени прашања – безбедност, одбрана, економска стабилност и интеграција во ЕУ. Проектот е продолжение на нашата претходна успешна организација на советодавни анкети во земјата и нашиот тековен проект, поддржан од НЕД и во соработка со Центарот за советодавна демократија од Универзитетот Стенфорд. 11000 УСД 01-10-2022 30-09-2024
2022 Зајакнување на остварувањето на социјална заштита преку социјална отчетност, со фокус на маргинализираните групи, вклучувајќи ги Ромите и повратниците Светска банка Главната цел на оваа задача е да се развие и имплементира процес на социјална отчетност кој ќе идентификува и документира како социјалната реформа од 2019 година допира до ранливите и маргинализираните групи, вклучувајќи ги Ромите и повратниците, и дали одговара на нивните потреби. 93545 УСД 30-09-2022 30-09-2024
2022 Поддршка за понатамошен развој на моделот на фазно пристапување на Западен Балкан во Европската Унија Фондација Отворено општество Овој проект има  цел да поддржи понатамошна и сеопфатна аналитичка работа за детално развивање на моделот за фазно пристапување, кодизајниран од ЦЕП од Белград и ЦЕПС од Брисел. 150000 УСД 01-09-2022 31-05-2023
2022 За правда – граѓански придонес за унапредување на правосудството Фондација Отворено Општество – Македонија Зголемување на влијанието на граѓанските организации во процесот на реформи во правосудството како предуслов за заштита на човековите права и обезбедување социјална правда.

Краткорочни цели

  1. Зајакнување на процесот на следење на спроведувањето на Стратегијата за реформа на првосудниот сектор (2017-2022) со фокус на нејзиното влијание врз заштитата на човековите права и обезбедувањето социјална правда, како и придонес во подготовката на идната Стратегијата за правосудниот сектор.
  2. Унапредување на партиципативното креирање политики во областа на правосудството со користење на меѓу-секторски пристап и соработка со тематски мрежи и други граѓански организации.

3. Зајакнување на активностите за застапување засновано на докази во областа на правосудството од страна на граѓанските организации.

44997 УСД 01-06-2022 31-12-2022
2022 Енергетска безбедност на земјите од Западен Балкан БПРГ Регионален проект кој има за цел да даде сеопфатна анализа за енергетската безбедност на шесте земји од Западен Балкан. 2500 ЕУР 01-06-2022 31-12-2022
2022 Од одговорност до отчетност: Известување за Корпоративна општествена одговорност како средство за ангажиран приватен сектор БЦСДН – ​​Балканска мрежа за развој на граѓанското општество Истражувачкиот проект има за цел да утврди дали регулаторната рамка во однос на обврските на компаниите за известување за корпоративната одржливост во Северна Македонија е усогласена со барањата на Европската унија и да ги утврди практиките за известување за одржливост на компаниите кои котиранат на Македонската берза 2500 ЕУР 31-05-2022 30-10-2022
2022 Која е цената за Западен Балкан: Постојни и нови инструменти за проширување на ЕУ Европска Унија Проектот ги поддржува застапувачките активности на поддржува мрежата Think for Europe мрежата во дискусии со институциите на ЕУ за иднината на политиката за проширување на ЕУ, како и иднината на ЕУ која го вклучува Западен Балкан како интегрален дел од Унијата. 10320 ЕУР 06-04-2022 15-05-2022
2022 Унапредување на фундаменталните права во пресрет на пристапувањето во ЕУ на Северна Македонија Civil Rights Defenders Во рамките на проектот Г.О. и јавните институции заеднички ќе работат на мониторинг базиран на докази на фундаменталните права во поглед на пристапувањето во ЕУ, ќе се зајакне капацитетот на Г.О. и јавните институции со регионалните и најдобрите практики од ЕУ и ќе се зајакне застапувањето за јавни полики од страна на Г.О. за фундаментални права. 220000 СЕК 01-04-2022 31-12-2022
2022 Градиме мостови за заедничка иднина: Владеењето на правото во насока на пристапувањето во ЕУ Европска Унија Проектот има цел да помогне во креирањето на одржливи реформи за владеење на правото во насока на пристапувањето во Европската Унија. 68297 ЕУР 01-01-2022 31-12-2022
Година Наслов Извор на финансирање Опис Сума Валута Времетраење
од
До
2021 Обезбедување поддршка за идентификување и активирање на нациионалните чинители во ресурсни партнерства со УСАИД Консалтинг за стратешки развој (КСР) Идентификување и активирање на националните чинители во ресурсни партнерства со УСАИД со цел постигнување на развојната цел за намалување на корупцијата на земјата во рамки на Стратегијата на УСАИД за развој и соработка со Северна Македонија 2021-2025 година. 546000 МКД 08-10-2021 31-05-2022
2021 Имплементација на активности во рамките на проектот РЕКОМ – Мрежа за помирување Humanitarian Law Center ЕПИ како партнерска организација на проектот РЕКОМ Мрежа за помирување учествуваше во имплементацијата на програмата за регрантирање. 3471 ЕУР 10-09-2021 31-10-2022
2021 IRIS NETWORKing – CSOs for protection sensitive migration management Arbeiter-Samariter-Bund Консултациска услуга за евалуација на проектот 4000 ЕУР 01-09-2021 30-10-2021
2021 Независно контекстуално набљудување за потребите од следење на Швајцарската програма за соработка со Северна Македонија 2021-2024 Амбасада на Швајцарија во Северна Македонија/Швајцарска агенција за развој и соработка (СДЦ) Институтот за европска политика (ЕПИ) – Скопје беше избран да направи независно контекстуално набљудување за потребите на мониторингот на Швајцарската програма за соработка со Северна Македонија. 913334 МКД 29-06-2021 30-09-2021
2021 Поддршка за спроведување на
Национални стратегии за реинтеграција
Светска Банка Зајакнување на капацитетите на корисниците на Западен Балкан на централно и локално ниво да спроведат успешни политики за реинтеграција на повратниците и ефективно да одговорат на потребите на ранливите повратници. 7900 УСД 07-05-2021 30-06-2021
2021 Мапирање, структурирање и мониторинг на засегнатите страни на NDS UNDP Мапирање и ангажирање на засегнатите страни; Воспоставување на меѓусекторска оперативна структура; и зацртување на механизмите за имплементација и мониторинг на Националната стратегија за развој 2021-2024 година 487.104 МКД 24-03-2021 23-04-2021
2021 WeBER2.0 (Зајакнување на граѓанското општество од западниот Балкан за реформирана јавна администрација) (ко-финансирање) BCSDN Проектот ќе придонесе за трасирање на патот за две клучни компоненти на значајно вклучување на граѓанските организации: структурен дијалог со владите и добра доказна основа за ангажман. Тој се осврнува на предизвикот на недоволното локално побарување за РЈА, што останува да се реформира мотивирано од надворешни актери (ЕУ и СИГМА). Проектот одговара на предизвикот со вклучување на граѓански организации во дијалогот за РЈА препознавајќи го тоа како клучен фактор за избегнување на понатамошно заостанување во реформите во управувањето и владеењето на правото во пред и по пристапниот контекст. 7073 ЕУР 01-02-2021 31-07-2021
2021 Кампања за застапување и лобирање „Разбистри сè“ Британска Амбасада Кампањата за застапување и лобирање „Разбистри сè“ има за цел да ја подигне свесноста на граѓаните и да го зголеми влијанието за носење или промени на јавните политики. Кампањата се фокусира на потребата за одржливо управување со водата и за поефикасен инспекциски надзор против прекумерното искористување на природните ресурси. 4500 ЕУР 01-01-2021 31-12-2021
Година Наслов Извор на финансирање Опис Сума Валута Времетраење
од
До
2020 Негување на политичкиот плурализам и демократски вредности Национална фондација за демократија Да се поттикне политичкиот плурализам и да се промовира конструктивна дебата за клучни прашања од национален интерес. ЕПИ ќе ја користи поддршката од НЕД за да продолжи да поттикнува политички плурализам и да промовира конструктивна дебата за иднината на земјата. Преку јавни дебати за клучните прашања од национален интерес, ќе се поттикне информирана дискусија, независно и критичко размислување и политички плурализам. Граѓани, експерти и креатори на политики од целиот политички и етнички спектар ќе учествуваат во програмата. 110000 УСД 01-10-2020 30-09-2022
2020 Медијација, без дилема! Амбасада на Кралството Холандија во Скопје (Програма МАТРА) Да придонесе кон зголемување на стапката на користење на медијацијата како алтернативен начин за решавање на споровите.

Специфични цели:
1. Обезбедување на истражување базирано на докази за користењето на медијацијата како алтернативен начин за решавање на спорови во Република Северна Македонија;
2. Зајакнување на капацитетите на медијаторите, судиите и Комората на медијатори;
3. Овозможување и промовирање на суштински дијалог и соработка помеѓу најрелевантните страни од областа на медијацијата;

8089384 МКД 01-09-2020 31-08-2022
2020 Подготовка на Извештај во сенка за Поглавје 19 и 24 за Северна Македонија Ла Страда Подготовка на Извештај во сенка за Поглавје 19 и 24 за Северна Македонија. Извештајот во сенка има за цел да обезбеди увид во политиките за обезбедувањето на социјални услуги за мигрантите во релевантните политики: инклузивно образование, социјално вклучување, вклучување на пазарот на трудот итн. 2000 ЕУР 15-08-2020 15-10-2020
2020 За правда – Следење на спроведувањето на Стратегијата за реформи во правосудството 2020-2021 Фондација Отворено Општество – Македонија Зголемено учество на граѓанските организации во процесот на следење и застапување за реформи во правосудството во Република Северна Македонија во процесот на пристапување кон Европската унија

Краткорочни цели:
1. Поддршка на реформските процеси и политики во судството преку воспоставување на структуиран дијалог со граѓанските организации при отпочнувањето на преговарачкиот процес со Европската унија;
2. Понатамошно следење на квалитетот на спроведувањето на Стратегијата за реформа на првосудниот сектор (2017-2022) во однос на почитувањето на временската рамка утврдена со Акцискиот план, транспарентноста на процесот, како и квалитетот на предложените и усвоени закони и политики во рамки на Стратегијата;
3. Обезбедување на информации и соработка со медиумите за континуирана информираност на јавноста и граѓаните за напредокот на Северна Македонија во областа на правосудството.

44980 УСД 01-05-2020 31-12-2020
2020 Градејќи заедничка иднина: ЕУ и западниот Балкан преку младинска перспектива Европска комисија Овој проект директно придонесува за инклузивно и партиципативно креирање политики на ниво на ЕУ преку вметнување на придонесот на граѓаните во формулирање и редефинирање на политиката за проширување на ЕУ кон Западен Балкан. Проектот ќе се обиде да им појасни и на граѓаните на ЕУ и на западен Балкан, со особен фокус на младите, за заеднички предизвици преку: адресирање на транзициските проблеми од заеднички интерес и грижа како климатските промени, безбедноста, околината, економските можности, промоција на интеркултурен дијалог и подигнување на свеста за заедничкото наследство. Овој прокет ќе придонесе за постигнување на специфичните цели за мотивирање на демократско и граѓанско учество на младите, преку развивање на граѓанското разбирање на процесот на креирање на политики. 143640 EUR 09-03-2020 /
Година Наслов Извор на финансирање Опис Сума Валута Времетраење
од
До
2019 WeBER2.0 (Зајакнување на граѓанското општество од западниот Балкан за реформирана јавна администрација) Европска комисија Влијанието што WeBER 2.0 се очекува да го креира е да ги зајакне граѓанското општество, „вооружено“ со знаење, вештини и алатки за следење на РЈА и да ги држи нивните национални и локални влади одговорни за квалитетот на политиките што ги спроведуваат, услугите што ги нудат и за целосниот менаџмент на државата и локалните влади и администрации. 1451724 EUR 24-12-2019 24-12-2022
2019 „Партнерство Јустиција – вградување на европските стандарди во правосудниот систем“ Влада на Република Северна Македонија Зајакнување на капацитетите на граѓанските организации и засегнати страни од правосудиот сектор за учество во процесот на реформи во правосудството преку размена на искуства, вклучително и пренесување на најдобрите практики од ЕУ; 2. Поддршка и промовирање на суштински дијалог за реформите во правосудниот сектор меѓу граѓанските организации, засегнатите страни и граѓаните, преку застапување на јавните политики 599138 MKD 18-10-2019 17-06-2020
2019 Негување на политичкиот плурализам и демократски вредности Национална фондација за демократија Проектот има цел да го поттикне учеството на граѓаните во развојот и унапредувањето на демократските и реформските процеси на земјата. Проектот е предвиден како продолжение на тековниот НЕД проект на ЕПИ во партнерство со универзитетот Стенфорд наречен „АКТ – Активно граѓанско делување“. Градејќи ги наодите од тековниот проект и преку подлабоко испитување на факторите кои ја попречуваат или олеснуваат демократската консолидација, ACTED ќе им овозможи на граѓаните дополнително да ги образложат своите ставови за специфични теми и да придонесат за зајакнување на реформските процеси на земјата. Покрај тоа, активностите и целите се поставени да овозможат инклузивно учество на граѓаните преку предвидените настани за дијалог за политики кои им отвораат можност на граѓаните да разговараат за нивните ставови, размислувања и предлози за насоката што земјата треба да ја преземе за унапредување на сегашната состојба. 49000 USD 01-10-2019 30-09-2020
2019 За правда – Следење на спроведувањето на Стратегијата за реформи во правосудството 2019 – 2022“ Фондација Отворено Општество – Македонија Главна цел на проектот „За правда – Следење на спроведувањето на Стратегијата за реформи во правосудството 2019 – 2022“ е да го зголеми импактот на граѓанските организации на процесот на имплементација на Стратегијата за реформи во правосудството (2017-2022) и да ги зајакне независноста и непристрасноста на судскиот систем. 2160 USD 01-07-2019 29-02-2020
2019 Civil Society Support Facility – CSSF Macedonia Цивика мобилитас – МЦМС Институционален грант од програмата на Цивика мобилитас. 2933841 MKD 01-07-2019 30-06-2021
2019 Процена на ефикасноста на Независните национални тела за човекови права Civil Rights Defenders Целта на овој ангажман е проценка и евалуација на ефикасноста на националните тела за човекови права во земјите од Западниот Балкан и нивната усогласеност со меѓународните стандарди. Соработувајќи со Civil Rights Defenders, експертите ќе развијат детална методологија која ќе овозможи евалуација на постоечките услови потребни за националните тела за човекови права да ја исполнат нивната мисија, како и да ја евалуираат нивната ефикасност 17400 EUR 28-06-2019 10-11-2019
2019 Зајакнување на граѓанското учество во законодавниот процес Национален демократски институт – НДИ Целта на иницијативата „Реинтеграција преку правичен пристап до права“ која што ја спроведува ЕПИ со поддршка на НДИ е да се овозможи одржлива реинтеграција на повратници. Оваа иницијатива се спроведува за да се подобри квалитетот на живот на повратниците од ранливи категории, да придонесе кон пристапувањето во ЕУ преку дополнитени реформи на политиките во поглед на Поглавје 23 и 24, како и да се подобри законската рамка поврзана со договорите за реадмисија и повратниците 267990 MKD 10-05-2019 30-09-2020
2019 Европската интеграција на Западен Балкан: Наоѓање реалистична насока во услови на променлива цел Фонд за западен балкан Овој проект има цел да го процени влијанието на настаните од 2019 (Брегзит, евроизбори) врз перспективите за интеграција на земјите од Западен Балкан и позитивно да придонесе кон процесот. Овој проект обединува три организации со искуство во ЕУ интеграции и ќе произведе 3 документи за политики коивнимателно и прецизно ќе ја проценат актуелната ситуација и последните предизвици. Тие ќе ги следат изборите во мај 2019 и наративот околу последните чекори на Брегзит. Нивните препораки ќе бидат објавени со цел да се ограничи и намали евентуалното негативно влијание од овие настани. 3300 EUR 01-05-2019 30-01-2020
2019 Подготвока на стратешки план за поддршка на ефективна реинтеграција на повратници во Македонија Светска Банка ЕПИ помагаше на Владата на Македонија да озбезбеди техничка поддршка на Министерството за труд и совијална политика во развивањето на државна „Стратегија за враќање на македонски граѓанисогласно договорите за реадмисија на Европската Унија и Акциониот план 2019-2023“. 10800 EUR 13-02-2019 30-05-2019
2019 Europeanization Beyond Process – Think for Europe Network Иницијатива Отворено Општество за Европа Мрежата „Think for Europe (TEN)“ планира да го искористи овој грант со цел подобрување на квалитетот на комуникацијата за проширувањето на Европската Унија во поширока рамка од престојното редефинирање на ЕУ и нејзината иднина, преку зајакнување на соработката со истакнати тинк-тенкови од цела Европа. Овој проект исто така има цел да го промовира и помирувањето на земјите од Западниот Балкан и да придонесе кон интеграција на Западниот Балкан во ЕУ. 10100 USD 01-01-2019 31-12-2020
2019 Европска мрежа на правни експерти за родова еднаквост и недискриминација Human European Consultancy (тендер за услуги за Европска комисија) Оваа мрежа работи на следење на усогласеноста на домашното законодавство за недискриминација и родова еднаквост со Европското acquis во сите земји членки на ЕУ, ЕФТА земјите и во земјите-кандидатки. 13160 EUR 01-01-2019 31-12-2019
2019 Europeanization Beyond Process Иницијатива Отворено оптество за Европа (OSIFE) на Фондацијата Отворено општество, администранино од OSF OSF Services Berlin GmbH Целта на овој грант е да се помогне на Институтот за отворено општество – Скопје (ЕПИ) да ги поврзе своите истражувања и застапувања за Европеизација на национална сцена со ЕУ дискурси, градјќи одржлива агенда за ЕУ интеграцијата на национално ниво и градејќи нови наративи за проширувањето во Германија, Грција, Бугарија и Холандија. 191592 USD 15-01-2019 15-01-2021
Година Наслов Извор на финансирање Опис Сума Валута Времетраење
од
До
2018 Партнерство Јустиција: Враќање на довербата на граѓаните Сектор за централно финансирање и склучување договори, Министерство за финансии – Инструмент за пред-пристапна помош (ИПА II) 2014 Придонес за враќање на довербата на граѓаните во македонскиот правосуден сектор преку значително вклучување на граѓанското општество во суштински реформи. Специфични цели:
1. Обезбедување структуриран мониторинг и сеопфатен придонес од страна на граѓанското општество во спроведувањето на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор;
2. Зајакнување на капацитетите на граѓанските организации и засегнати страни од правосудниот сектор за учество во процесот на реформи во правосудството преку размена на искуства, вклучително и пренесување на најдобрите практики на ЕУ;
3. Поддршка и промовирање на суштински дијалог за реформите во правосудниот сектор меѓу граѓанските организации, засегнатите страни и граѓаните, преку застапување на јавните политики.
219804,18 EUR 21-12-2018 20-6-2021
2018 ФРАНЕТ – Агенција за темелни права на ЕУ Агенција за темелни права на ЕУ Агенцијата за темелни права на Европската унија (Fundamental Rights Agency, ФРА) го избра Институтот за европска политика – Скопје (ЕПИ) за свој партнер од Македонија за спроведување на истражувања во врска со прашања од нејзина надлежност. ФРА е една од децентрализираните агенции на Европската Унија и е центар на експертизата за темелни права на Европската Унија. Целта на оваа агенција е да дава експертска поддршка и совети на институциите на Европската Унија и на земјите членки со цел обезбедување на заштитата на темелните права на сите лица кои живеат во ЕУ. Дел од главните теми кои ги обработува Агенцијата се: род и родова еднаквост, ЛГБТИК, Роми, лица со попреченост, расизам и нетолеранција, злосторства од омраза, информатичко општество приватност и заштита на податоци, азил и миграции, пристап до правда и права на детето.

Со ова, ЕПИ станува дел од ФРАНЕТ – мултидисциплинарната истражувачка мрежа на Агенцијата која постои од 2011 година, а во која се вклучени по еден истражувачки партнер или конзорциум од секоја земја членка на Европската Унија, а која од оваа година се прошири и во Македонија. ФРАНЕТ изработува тематски студии, извештаи и кратки известувања во врска со различни прашања поврзани со темелните права.

Максимум: 250000 EUR 04-12-2018 04-12-2022
2018 Мапирање на ранливостите: Кои се повратниците и во колкава мера нивните потреби се разликуваат од оние на ‘редовното’ население? Светска банка Целта на проектот беше да се истражат дополнителни аспекти од ранливостите на повратниците во смисла на тоа со кои потешкотии и предизвици се соочуваат при враќањето во Република Македонија, но и какви планови имаат за во иднина. Покрај повратниците од ромската етничка заедница, фокусот беше ставен и на повратниците од албанската етничка заедница.

Ова истражување опфати спроведување на фокус групи со повратници, интервјуа со претставници од меѓународни и национални организации и претставници од Министерството за внатрешни работи и Министерството за труд и социјална политика.

6450 USD 01-02-18 31-05-18
2018 Ангажирање на приватниот сектор во образованието за претприемништво Центарот за меѓународно приватно претприемништво (CIPE) Целта на проектот „Ангажирање на приватниот сектор во образованието за претприемништво“ е да се зголемат капацитетите на младите од Македонија за да се вклучат во претприемништво, да се зголеми улогата на приватниот сектор во образованието за претприемништво и да се зголеми поддршката на политики кои ги подобруваат економските услови за младите од државата.

Во рамките на проектот се подготвува истражување за можностите и бариерите за претприемништво, вработување во приватниот сектор вклучувајќи и финансирање на нови бизниси. Во рамки на проектот се подготвува и подкастот „Skills that pay the bills“, едукативна програма, кампања за подигање на свесност и застапување и истражување за приликите при вработување.

21111,34 USD 01-7-2018 30-6-2019
2018 Национална демократска дебата – промовирање на успешна демократска транзиција во Македонија Национална фондација за демократија Општата цел на проектот е да овозможи демократска дебата на национално ниво, со што ќе се промовира демократска консолидација на Македонија врз основа на вредности. Специфичните цели се:
Ц1: Зголемување на вклученоста на сите политички чинители во процесот на демократизација на земјата преку учество на репрезентативен примерок во дебатна анкета за состојбата на демократијата во земјата;
Ц2: Анализирање дали инклузивна јавна дискусија придонесува кон промена на мислењето на граѓаните за состојбата на демократијата; и
Ц3: Зголемување на свеста на сите политички чинители во процесот (граѓани, експерти, политичари) за важноста на инклузивна и објективна јавна дебата за земјата и насоката на демократија во земјата.
61435 USD 10-01-18 10-01-19
2018 Граѓанска дебата за НАТО Министерство за одбрана на Република Македонија Општата цел на проектот е да се придонесе кон пристапувањето во НАТО преку дебата базирана на докази и аргументи, која ќе го подобри разбирањето кај граѓаните за членството на Република Македонија во НАТО. 399010 МКД 08-01-18 12-31-18
2018 Мрежа 23 – Вмрежување за влијание (NETWIT 23) Балканскот фонд за демократија и Амбасадата на Кралството Норвешка во Белград Општата цел на проектот е да се придонесе за зголемување на влијанието на граѓанското општество во создавањето на политиките во областа на Поглавјето 23 – правосудство и темелни права, во контекст на европската интеграција. 41682 EUR 05-15-18 05-15-19
2018 Примената на ПВР врз Законот за судови Институт за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје Целта на проектот е да се унапреди приментата на проценката на влијанието на регулативата (ПВР) во корпусот закони кои произлегуваат од Реформата на правосудството во Република Македонија. Дополнителна цел е да се препознае корисноста на ПВР алатката во процесот на донесување одлуки и да се унапреди квалитетот на процесот на донесување на одлуки заснован на докази и истражување. 9991 EUR 01-01-18 12-31-18
Година Наслов Извор на финансирање Опис Сума Валута Времетраење
од
До
2017 Социјални права за ранливи групи (SoRi) Германска канцеларија за развој и соработка (GIZ) Целта на регионалниот проект е да се подобри состојбата за обезбедување еднавки социјални права за ранливите групи во избраните општини на Западен Балкан. Во фокусот на пристапот за човекови права на проектот се државните институции, кои се обврзани да ги гарантираат човековите права и социјалните услуги, но исто така и невладините организации кои даваат услуги. Нивните капацитети (и индивидуалните капацитети на работодавачите и организационите капацитети на институциите) треба да зајакнат со овој проект. 450000 MKD 25-09-17 15-07-19
2017 Ефектите на инструментите од процесот за стабилизација и асоцијација врз европската интергација и регионалната соработка на ЗБ6 Министерството за надворешни работи на С.Р. Германија и Фондацијата институт отворено општество Главната цел е да придонесе за дискусија основана на факти во јавноста за ефектите ефектите од европската интеграција на Западниот Балкан преку обезбедување на длабоки анализи за влијанието на ССА во Србија, Албанија и Македонија и ЦЕФТА2006 во сите земји-членки врз основа на истражување базирано на цврсти факти. 7500 EUR 09-01-17 12-31-18
2017 Заедничка акција за итни реформи во судството УСАИД – Фондација Отворено општество – Македонија Општа цел на проектот е зајакнување на транспарентноста, отчетноста и професионалноста на органите на правосудството
Краткорочни (специфични) цели:
– Зајакнување на структурниот мониторинг над реализацијата на Итните Реформски Приоритети (ИРП) во правосудството;
– Унапредување на јавната дебата за имплементирање на ИРП во правосудството преку граѓанско застапување.
4530 USD 07-01-17 06-30-18
2017 Поттикнување одржлива реинтеграција на Роми повратници во Македонија OSI TTF_RIO Иницијатива за отворено општество – Тинк Тенк Фонд – Канцеларија за ромски иницијативи Проектот ќе се фокусира на политиките и практиките кои се однесуваат на Ромите повратници, како и на нивните грижи и потреби. Проблемите за реинтегрирање на Ромите повратници во Македонија ќе бидат истражувани преку локални соработници од пет селектирани општини, кои ќе работат со семејства на повратници. Семејствата на повратниците на крај ќе добијат соодветни обуки за стекнување вештини, кои ќе им помогнат за идно вработување. 67176.20 USD 01-01-17 12-31-17
2017 Одредници за ЕУ реформи – колку се ефикасни? БЕНЧЕР European Fund for the Balkans Утврдување на ефикасноста на одредниците за членство во ЕУ на земјите од Западниот Балкан и придонесување кон подобрување на овој механизам како поттик за ЕУ реформи во земјите од регионот. 8613 EUR 01-01-17 12-31-17
Година Наслов Извор на финансирање Опис Сума Валута Времетраење
од
До
2016 Национална дебата за ЕУ Civika Mobilitas Придонес за зајакнување на културата на јавна дебата во Република Македонија 1991096 MKD 07-01-16 03-31-17
2016 Правда: Следење на доброто владеење до раст – Judgment RCC – Regional Cooperation Council Целта на проектот е да придонесе до воспоставување на механизан за Граѓанските организацииза селедење на исполнувањето на индикаторите од Стратегијата Југоисточна Европа 2020, во делот на димензијата со добро владеење до раст. 44000 EUR 07-10-16 12-31-16
2016 Градење на идната генерација на млади лидери Center for International Private Enterprise (CIPE) Вклучување на главната група на млади лидери од Македонија во граѓанско учество и претприемачки активности, воедно и да ја зголеми информираноста на јавниот дискурс за клучните демократски и економски теми. CIPE во партнерство со Младинскиот образовен форум и Институтот за европска политика ќе имплементираат сеопфатна лидерска програма за да ја изградат новата генерација на млади претприемачки и граќански лидери. CIPE и неговите партнери ќе подржат малди практиканти да ги истражат институционалните фактори кои придонесуваат до невработеност на младите и од исклучување од процесот на креирање на политики, како и споделување на наодите на тркалезна маса со присуство на засегнатите страни и преку нови медиуми. 88640 USD 07-01-16 07-01-17
2016 Нега за негувател(к)ите: Анализа на политиките за неформална нега во Македонија и Босна и Херцеговина Regional Research Promotion Programme in Western Balkan (RRPP) Овој проект е надоградба на „(НЕ)Еднаквостите во социјалната заштита: анализа на повеќе нивоа за интерсекционалноста во давањето социјална помош – Компаративна студија.“ Проектот се состои во спроведување анализа на политики на неформална, долгорочна грижа со фокус на неформалните негуватели и нивно застапување. 19998 CHF 06-01-16 11-30-16
2016 Мониторинг на владеење на правото во Западен Балкан (MERLIN) Европски фонд за Балканот (ЕФБ) Целта на проектот е да постави регионален координативен механизам за демократија и владеење на правото, кој ќе се рефлектира преку имплементација на поглавјето 23 – Правосудство и фундаментални права и Поглавје 24 – Правда, слобода и безбедност во Македонија, Србија и Црна Гора 29960 EUR 01-01-16 12-31-16
2016 Мрежа 23+ Делегација на ЕУ – ИПА Специфична цел на проектот е да придонесе преку вградување на принципите на владеење на правото, отелотворени во поглавјето 23, во Република Макдеонија, преку структуиран инпут на Мрежа 23+ 313506 EUR 01-01-16 12-31-17
Година Наслов Извор на финансирање Опис Сума Валута Времетраење
од
До
2015 WEBER – Проект за Западен Блакан за воспоставување на мониторинг на граѓанското општество врз реформата на јавната администрација ИПА програма за повеќе земји Главната цел е да се зголеми релевантноста, учество и на капацитетите на граѓанските организации и медиумите во Западен Балкан со цел да се залагаат и да влијаат на дизајнирањето и имплементацијата на реформите во јавната администрација 179874.49 EUR 12-15-15 12-15-18
2015 Борба против бариерите за излез: Македонските Роми на границите Фондација институт отворено општество (FOSI) Овој проект ќе испита како процесот на визна либерализација како иснтрумент за европеизација резултирање со вградување на политиките што ја ограничуваа слободата на движење на Ромите во случајот со Македонија 77970 USD 12-18-15 12-18-16
2015 Мрежа 23: Следење на итните реформски приоритети Амбасада на кралството Холандија Општа цел на проектот е да придонесе кон мониторинг и застапување на имплементацијата на политичкиот договор и итните реформски приоритети на ЕК, преку структуиран импут од Мрежа 23 17522 EUR 09-15-15 12-31-15
2015 Дијалози за визија Британска амбасада – Скопје Зајакнување на дијалогот за клучните прашања со кои се соочува македонското општество, преку креирање на политики базирани на докази 99385 GBP 05-01-15 03-31-16
2015 Зајакнување на организациите за заштита на потрошувачите за подобри општински услуги во Југоисточна Европа Германско друштво за меѓународна соработка (ГИЗ) Главна цел на проектот е да ги зајакне капацитетите на организациите за заштита на потрошувачите и други тела на локално и национално ниво во Југоисточна Европа, особено во контекст на Европска интеграција. Проектот ќе ја подобри заштитата на потрошувачите и нивните интереси и ќе ја зголеми меѓусебната доверба помеѓу корисниците и давателите на услуги, и со тоа ќе придонесе за подобрување на квалитетот на услугите 59820 EUR 02-15-15 03-15-16
2015 Подобрување на квалитетите за истражување, комуникации и внатрешен развој Фондација за отворени општества – Фонд за мисловни лаборатории (TTF) Грант за организационен развој 100277 USD 05-01-15 04-30-17
2015 Имплементирање на принципот на превична застапеност во Македонија УСАИД – Фондација Отворено општество – Македонија Целта на проектот е да се процени моменталната спроведување на принципот на правична застапеност, предвиден во Охридскиот рамковен договор, во македонската јавна администрација 38682 USD 01-21-15 01-20-16
2015 Мрежа 23 Амбасада на кралството Холандија Финансиска контрибуција за имплементирање на Мрежа 23 38500 EUR 04-30-14 07-31-15
2015 Ревизија на успешност и евалуација на политиките: На исти или паралелни патеки? Во соработка со Центарот за европски политики (CEP) од Белград како носител на проектот и Институтот Алтернатива од Подгорица Регионална програма за промовирање на истражувањата (Швајцарска агенција за развој и соработка) Целта на проектот е да се анализира врската помеќу ревизијата на успешност и евалуација на политиките, на нивната комплиментарност и можноста да се користат наодите од ревизијата за зајакнување на евалуацијата на политиките, консеквентно да се зајакне процесот на носење на одлуките на земјите од конзорциумот 28805 CHF 08-01-14 07-31-15
2015 Нееднаквостите во социјалната заштита: анализа на повеќе нивоа во интерсекционалноста на давање на социјална заштита – Компаративна студија Регионална програма за промовирање на истражувањата (Швајцарска агенција за развој и соработка) Истражување за интерсекционалноста на нееднаквоста во социјалната заштита во Босна и Херцеговина и Македонија, на симболично, структурално и индивидуално ниво 67240 CHF 08-01-14 07-31-15
Година Наслов Извор на финансирање Опис Сума Валута Времетраење
од
До
2014 Мрежа 23 Делегација на ЕУ – ИПА Грант за создавање мрежа од граѓански организации за следење, евалуација и застапување на политиките во рамки на Поглавјето 23 од пристапните преговори во ЕУ – Правосудство и темелни права. 158858 EUR 04-30-14 07-31-15
2014 Еврозум (ко-апликант) Делегација на ЕУ – ИПА Грант за подготовка и емитување на 24 емисии Еврозум за процесот на преговори за членство во Европската Унија 10000 EUR 01-15-14 01-15-15
2014 Анализа на граѓанските организации во нивниот активизам во социјалните, трудовите и прашањата поврзани со заштита на човековите парава и нивниот капацитет за користење на ЕУ фондови УСАИД – Фондација Отворено општество – Македонија Мал истражувачки грант за поготовка на истражување на финансирањето на граѓанските организации во рамки на ИПА за реализација на проекти во областа на анти-дискриминацијата 2400 USD 01-01-14 06-30-14
Година Наслов Извор на финансирање Опис Сума Валута Времетраење
од
До
2013 Зајакнување на парламентарната контрола врз користењето на фондовите на ЕУ во Западен Балкан Вестминстер фондација за демократија (ВФД) Договор за подготовка на прирачник за пратениците и парламентарните служби во земјите од Западен Балкан за Инструментот за претпристапна помош (ИПА) и спроведување обуки за поттикнување на надзорната улога на парламентот врз ИПА 7150 GBP 08-08-13 03-31-15
2013 ЕПИ Грант Фондација за отворени општества – Фонд за мисловни лаборатории (TTF) Грант за поддршка на институционалното и организационото поставување на ЕПИ, како и развој на програмските активности на Институтот. 95000 USD 04-15-13 04-15-15
2013 Партнерство во користењето на фондовите на ЕУ УСАИД – Фондација Отворено општество – Македонија Мал истражувачки грант за истражување за значењето на принципот на партнерство помеѓу државните институции и граѓанскиот сектор во користењето на фондовите на ЕУ 2400 USD 02-01-13 07-31-13
2013 Вградување на знаењето за ЕУ Амбасада на Обединетото Кралство Проект за формирање неформална мрежа од македонски експерти кои ги завршиле своите постдипломски/докторски студии надвор од земјата во областа на политиките и законодавството на ЕУ. 17000 GBP 02-01-13 04-30-13
2013 ИПАДАТА Балкански фонд за демократија (БТД) Грант за воспоставување структуиран и незавизен механизам за документирање на сите документи и процеси поврзани со реализацијата на фондовите од ИПА во Република Македонија 21000 USD 01-20-13 01-14-14
Година Наслов Извор на финансирање Опис Сума Валута Времетраење
од
До
2012 Администрацијата во огледалото на европската рамка за процена Словачко – Балкански Фонд за јавна политика (фондација ПОНТИС) Грант за истражување за поттикнување на примената на Заедничката рамка за процена на јавната админиситрација во Република Македонија, користејќи го примерот на Република Словачка 4444 EUR 02-29-12 06-30-12
2012 Зајакнување на парламентарната контрола врз користењето на ЕУ фондовите во Република Македонија Европски фонд за Балканот (ЕФБ) Грант во рамките на регионалната иницијативата Think and Link 2012 за истражување за механизмите за зајакнување на парламентарната контрола врз користењето на ЕУ фондовите во Република Македонија 15000 ЕУР 05-01-13 03-15-13
2012 Следење на користењето на фондовите на ЕУ во Република Македонија Фондација Фридрих Еберт (ФЕС) Проект за истражување за користењето на фондовите на ЕУ во Република Македонија, како основа за расправа во Националниот совет за евроинтеграции; издавање и промоција на збирка трудови 16184 EUR 04-01-12 11-30-13
Година Наслов Извор на финансирање Опис Сума Валута Времетраење
од
До
2011 Поддршка во унапредувањето на спроведувањето на медијацијата во Република Македонија Амбасада на Кралството Холандија во Скопје (Програма МАТРА) Прокет за техничка помош на Министерството за правда за подобрувањето на имплементацијата на
медијацијата во граѓанските и трговските спорови во Република Македонија, со цел создавање нормативна и институционална
околина поволна за одржлив развој на медијацијата во Македонија.
5663490 MKD 7.12.2011 7.07.2013
2011 ЕПИ Грант Фондација за отворени општества – Фонд за мисловни лаборатории (TTF) Грантот обезбеди институционално и организационо поставување на ЕПИ, како и развој на програмските активности на Институтот. 40000 USD 1.11.2011 31.10.2012
image
https://epi.org.mk/wp-content/themes/blake/
https://epi.org.mk//
#00ccff
style1
paged
Loading posts...
/home/epiopoif/public_html/
#
on
none
loading
#
Sort Gallery
https://epi.org.mk/wp-content/themes/blake
on
yes
yes
off
Enter your email here
off
off
mk