Донатори

ДомаДонатори
Година Наслов Извор на финансирање Опис Сума Валута Времетраење
од
До
2020 Негување на политичкиот плурализам и демократски вредности Национална фондација за демократија Да се поттикне политичкиот плурализам и да се промовира конструктивна дебата за клучни прашања од национален интерес. ЕПИ ќе ја користи поддршката од НЕД за да продолжи да поттикнува политички плурализам и да промовира конструктивна дебата за иднината на земјата. Преку јавни дебати за клучните прашања од национален интерес, ќе се потикне информирана дискусија, независно и критичко размислување и политички плурализам. Граѓани, експерти и креатори на политики од целиот политички и етнички спектар ќе учествуваат во програмата. 110000 УСД 01-10-2020 30-09-2022
2020 Медијација, без дилема! Амбасада на Кралството Холандија во Скопје (Програма МАТРА) Да придонесе кон зголемување на стапката на користење на медијацијата како алтернативен начин за решавање на споровите.

Специфични цели:
1. Обезбедување на истражување базирано на докази за користењето на медијацијата како алтернативен начин за решавање на спорови во Република Северна Македонија;
2. Зајакнување на капацитетите на медијаторите, судиите и Комората на медијатори;
3. Овозможување и промовирање на суштински дијалог и соработка помеѓу најрелевантните страни од областа на медијацијата;

8089384 МКД 01-09-2020 31-08-2022
2020 Подготовка на Извештај во сенка за Поглавје 19 и 24 за Северна Македонија Ла Страда Подготовка на Извештај во сенка за Поглавје 19 и 24 за Северна Македонија. Извештајот во сенка има за цел да обезбеди увид во политиките за обезбедувањето на социјални услуги за мигрантите во релевантните политики: инклузивно образование, социјално вклучување, вклучување на пазарот на трудот итн. 2000 ЕУР 15-08-2020 15-10-2020
2020 За правда – Следење на спроведувањето на Стратегијата за реформи во правосудството 2020-2021 Фондација Отворено Општество – Македонија Зголемено учество на граѓанските организации во процесот на следење и застапување за реформи во правосудството во Република Северна Македонија во процесот на пристапување кон Европската унија

Краткорочни цели:
1. Поддршка на реформските процеси и политики во судството преку воспоставување на структуиран дијалог со граѓанските организации при отпочнувањето на преговарачкиот процес со Европската унија;
2. Понатамошно следење на квалитетот на спроведувањето на Стратегијата за реформа на првосудниот сектор (2017-2022) во однос на почитувањето на временската рамка утврдена со Акцискиот план, транспарентноста на процесот, како и квалитетот на предложените и усвоени закони и политики во рамки на Стратегијата;
3. Обезбедување на информации и соработка со медиумите за континуирана информираност на јавноста и граѓаните за напредокот на Северна Македонија во областа на правосудството.

44980 УСД 01-05-2020 31-12-2020
2020 Градејќи заедничка иднина: ЕУ и западниот Балкан преку младинска перспектива Европска комисија Овој проект директно придонесува за инклузивно и партиципативно креирање политики на ниво на ЕУ преку вметнување на придонесот на граѓаните во формулирање и редефинирање на политиката за проширување на ЕУ кон Западен Балкан. Проектот ќе се обиде да им појасни и на граѓаните на ЕУ и на западен Балкан, со особен фокус на младите, за заеднички предизвици преку: адресирање на транзициските проблеми од заеднички интерес и грижа како климатските промени, безбедноста, околината, економските можности, промоција на интеркултурен дијалог и подигнување на свеста за заедничкото наследство. Овој прокет ќе придонесе за постигнување на специфичните цели за мотивирање на демократско и граѓанско учество на младите, преку развивање на граѓанското разбирање на процесот на креирање на политики. 143640 EUR 09-03-2020 /
Година Наслов Извор на финансирање Опис Сума Валута Времетраење
од
До
2019 WeBER2.0 (Зајакнување на граѓанското општество од западниот Балкан за реформирана јавна администрација) Европска комисија Влијанието што WeBER 2.0 се очекува да го креира е да ги зајакне граѓанското општество, „вооружено“ со знаење, вештини и алатки за следење на РЈА и да ги држи нивните национални и локални влади одговорни за квалитетот на политиките што ги спроведуваат, услугите што ги нудат и за целосниот менаџмент на државата и локалните влади и администрации. 1451724 EUR 24-12-2019 24-12-2022
2019 „Партнерство Јустиција – вградување на европските стандарди во правосудниот систем“ Влада на Република Северна Македонија Зајакнување на капацитетите на граѓанските организации и засегнати страни од правосудиот сектор за учество во процесот на реформи во правосудството преку размена на искуства, вклучително и пренесување на најдобрите практики од ЕУ; 2. Поддршка и промовирање на суштински дијалог за реформите во правосудниот сектор меѓу граѓанските организации, засегнатите страни и граѓаните, преку застапување на јавните политики 599138 MKD 18-10-2019 17-06-2020
2019 Негување на политичкиот плурализам и демократски вредности Национална фондација за демократија Проектот има цел да го поттикне учеството на граѓаните во развојот и унапредувањето на демократските и реформските процеси на земјата. Проектот е предвиден како продолжение на тековниот НЕД проект на ЕПИ во партнерство со универзитетот Стенфорд наречен „АКТ – Активно граѓанско делување“. Градејќи ги наодите од тековниот проект и преку подлабоко испитување на факторите кои ја попречуваат или олеснуваат демократската консолидација, ACTED ќе им овозможи на граѓаните дополнително да ги образложат своите ставови за специфични теми и да придонесат за зајакнување на реформските процеси на земјата. Покрај тоа, активностите и целите се поставени да овозможат инклузивно учество на граѓаните преку предвидените настани за дијалог за политики кои им отвораат можност на граѓаните да разговараат за нивните ставови, размислувања и предлози за насоката што земјата треба да ја преземе за унапредување на сегашната состојба. 49000 USD 01-10-2019 30-09-2020
2019 За правда – Следење на спроведувањето на Стратегијата за реформи во правосудството 2019 – 2022“ Фондација Отворено Општество – Македонија Главна цел на проектот „За правда – Следење на спроведувањето на Стратегијата за реформи во правосудството 2019 – 2022“ е да го зголеми импактот на граѓанските организации на процесот на имплементација на Стратегијата за реформи во правосудството (2017-2022) и да ги зајакне независноста и непристрасноста на судскиот систем. 2160 USD 01-07-2019 29-02-2020
2019 Civil Society Support Facility – CSSF Macedonia Цивика мобилитас – МЦМС Институционален грант од програмата на Цивика мобилитас. 2933841 MKD 01-07-2019 30-06-2021
2019 Процена на ефикасноста на Независните национални тела за човекови права Civil Rights Defenders Целта на овој ангажман е проценка и евалуација на ефикасноста на националните тела за човекови права во земјите од Западниот Балкан и нивната усогласеност со меѓународните стандарди. Соработувајќи со Civil Rights Defenders, експертите ќе развијат детална методологија која ќе овозможи евалуација на постоечките услови потребни за националните тела за човекови права да ја исполнат нивната мисија, како и да ја евалуираат нивната ефикасност 17400 EUR 28-06-2019 10-11-2019
2019 Зајакнување на граѓанското учество во законодавниот процес Национален демократски институт – НДИ Целта на иницијативата „Реинтеграција преку правичен пристап до права“ која што ја спроведува ЕПИ со поддршка на НДИ е да се овозможи одржлива реинтеграција на повратници. Оваа иницијатива се спроведува за да се подобри квалитетот на живот на повратниците од ранливи категории, да придонесе кон пристапувањето во ЕУ преку дополнитени реформи на политиките во поглед на Поглавје 23 и 24, како и да се подобри законската рамка поврзана со договорите за реадмисија и повратниците 267990 MKD 10-05-2019 30-09-2020
2019 Европската интеграција на Западен Балкан: Наоѓање реалистична насока во услови на променлива цел Фонд за западен балкан Овој проект има цел да го процени влијанието на настаните од 2019 (Брегзит, евроизбори) врз перспективите за интеграција на земјите од Западен Балкан и позитивно да придонесе кон процесот. Овој проект обединува три организации со искуство во ЕУ интеграции и ќе произведе 3 документи за политики коивнимателно и прецизно ќе ја проценат актуелната ситуација и последните предизвици. Тие ќе ги следат изборите во мај 2019 и наративот околу последните чекори на Брегзит. Нивните препораки ќе бидат објавени со цел да се ограничи и намали евентуалното негативно влијание од овие настани. 3300 EUR 01-05-2019 30-01-2020
2019 Europeanization Beyond Process – Think for Europe Network Иницијатива Отворено Општество за Европа Мрежата „Think for Europe (TEN)“ планира да го искористи овој грант со цел подобрување на квалитетот на комуникацијата за проширувањето на Европската Унија во поширока рамка од престојното редефинирање на ЕУ и нејзината иднина, преку зајакнување на соработката со истакнати тинк-тенкови од цела Европа. Овој проект исто така има цел да го промовира и помирувањето на земјите од Западниот Балкан и да придонесе кон интеграција на Западниот Балкан во ЕУ. 10100 USD 01-01-2019 31-12-2020
2019 Европска мрежа на правни експерти за родова еднаквост и недискриминација Human European Consultancy (тендер за услуги за Европска комисија) Оваа мрежа работи на следење на усогласеноста на домашното законодавство за недискриминација и родова еднаквост со Европското acquis во сите земји членки на ЕУ, ЕФТА земјите и во земјите-кандидатки. 13160 EUR 01-01-2019 31-12-2019
2019 Europeanization Beyond Process Иницијатива Отворено оптество за Европа (OSIFE) на Фондацијата Отворено општество, администранино од OSF OSF Services Berlin GmbH Целта на овој грант е да се помогне на Институтот за отворено општество – Скопје (ЕПИ) да ги поврзе своите истражувања и застапувања за Европеизација на национална сцена со ЕУ дискурси, градјќи одржлива агенда за ЕУ интеграцијата на национално ниво и градејќи нови наративи за проширувањето во Германија, Грција, Бугарија и Холандија. 191592 USD 15-01-2019 15-01-2021
Година Наслов Извор на финансирање Опис Сума Валута Времетраење
од
До
2018 Партнерство Јустиција: Враќање на довербата на граѓаните Сектор за централно финансирање и склучување договори, Министерство за финансии – Инструмент за пред-пристапна помош (ИПА II) 2014 Придонес за враќање на довербата на граѓаните во македонскиот правосуден сектор преку значително вклучување на граѓанското општество во суштински реформи. Специфични цели:
1. Обезбедување структуриран мониторинг и сеопфатен придонес од страна на граѓанското општество во спроведувањето на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор;
2. Зајакнување на капацитетите на граѓанските организации и засегнати страни од правосудниот сектор за учество во процесот на реформи во правосудството преку размена на искуства, вклучително и пренесување на најдобрите практики на ЕУ;
3. Поддршка и промовирање на суштински дијалог за реформите во правосудниот сектор меѓу граѓанските организации, засегнатите страни и граѓаните, преку застапување на јавните политики.
219804,18 EUR 21-12-2018 20-6-2021
2018 ФРАНЕТ – Агенција за темелни права на ЕУ Агенција за темелни права на ЕУ Агенцијата за темелни права на Европската унија (Fundamental Rights Agency, ФРА) го избра Институтот за европска политика – Скопје (ЕПИ) за свој партнер од Македонија за спроведување на истражувања во врска со прашања од нејзина надлежност. ФРА е една од децентрализираните агенции на Европската Унија и е центар на експертизата за темелни права на Европската Унија. Целта на оваа агенција е да дава експертска поддршка и совети на институциите на Европската Унија и на земјите членки со цел обезбедување на заштитата на темелните права на сите лица кои живеат во ЕУ. Дел од главните теми кои ги обработува Агенцијата се: род и родова еднаквост, ЛГБТИК, Роми, лица со попреченост, расизам и нетолеранција, злосторства од омраза, информатичко општество приватност и заштита на податоци, азил и миграции, пристап до правда и права на детето.

Со ова, ЕПИ станува дел од ФРАНЕТ – мултидисциплинарната истражувачка мрежа на Агенцијата која постои од 2011 година, а во која се вклучени по еден истражувачки партнер или конзорциум од секоја земја членка на Европската Унија, а која од оваа година се прошири и во Македонија. ФРАНЕТ изработува тематски студии, извештаи и кратки известувања во врска со различни прашања поврзани со темелните права.

Максимум: 250000 EUR 04-12-2018 04-12-2022
2018 Мапирање на ранливостите: Кои се повратниците и во колкава мера нивните потреби се разликуваат од оние на ‘редовното’ население? Светска банка Целта на проектот беше да се истражат дополнителни аспекти од ранливостите на повратниците во смисла на тоа со кои потешкотии и предизвици се соочуваат при враќањето во Република Македонија, но и какви планови имаат за во иднина. Покрај повратниците од ромската етничка заедница, фокусот беше ставен и на повратниците од албанската етничка заедница.

Ова истражување опфати спроведување на фокус групи со повратници, интервјуа со претставници од меѓународни и национални организации и претставници од Министерството за внатрешни работи и Министерството за труд и социјална политика.

6450 USD 01-02-18 31-05-18
2018 Ангажирање на приватниот сектор во образованието за претприемништво Центарот за меѓународно приватно претприемништво (CIPE) Целта на проектот „Ангажирање на приватниот сектор во образованието за претприемништво“ е да се зголемат капацитетите на младите од Македонија за да се вклучат во претприемништво, да се зголеми улогата на приватниот сектор во образованието за претприемништво и да се зголеми поддршката на политики кои ги подобруваат економските услови за младите од државата.

Во рамките на проектот се подготвува истражување за можностите и бариерите за претприемништво, вработување во приватниот сектор вклучувајќи и финансирање на нови бизниси. Во рамки на проектот се подготвува и подкастот „Skills that pay the bills“, едукативна програма, кампања за подигање на свесност и застапување и истражување за приликите при вработување.

21111,34 USD 01-7-2018 30-6-2019
2018 Национална демократска дебата – промовирање на успешна демократска транзиција во Македонија Национална фондација за демократија Општата цел на проектот е да овозможи демократска дебата на национално ниво, со што ќе се промовира демократска консолидација на Македонија врз основа на вредности. Специфичните цели се:
Ц1: Зголемување на вклученоста на сите политички чинители во процесот на демократизација на земјата преку учество на репрезентативен примерок во дебатна анкета за состојбата на демократијата во земјата;
Ц2: Анализирање дали инклузивна јавна дискусија придонесува кон промена на мислењето на граѓаните за состојбата на демократијата; и
Ц3: Зголемување на свеста на сите политички чинители во процесот (граѓани, експерти, политичари) за важноста на инклузивна и објективна јавна дебата за земјата и насоката на демократија во земјата.
61435 USD 10-01-18 10-01-19
2018 Граѓанска дебата за НАТО Министерство за одбрана на Република Македонија Општата цел на проектот е да се придонесе кон пристапувањето во НАТО преку дебата базирана на докази и аргументи, која ќе го подобри разбирањето кај граѓаните за членството на Република Македонија во НАТО. 399010 МКД 08-01-18 12-31-18
2018 Мрежа 23 – Вмрежување за влијание (NETWIT 23) Балканскот фонд за демократија и Амбасадата на Кралството Норвешка во Белград Општата цел на проектот е да се придонесе за зголемување на влијанието на граѓанското општество во создавањето на политиките во областа на Поглавјето 23 – правосудство и темелни права, во контекст на европската интеграција. 41682 EUR 05-15-18 05-15-19
2018 Примената на ПВР врз Законот за судови Институт за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје Целта на проектот е да се унапреди приментата на проценката на влијанието на регулативата (ПВР) во корпусот закони кои произлегуваат од Реформата на правосудството во Република Македонија. Дополнителна цел е да се препознае корисноста на ПВР алатката во процесот на донесување одлуки и да се унапреди квалитетот на процесот на донесување на одлуки заснован на докази и истражување. 9991 EUR 01-01-18 12-31-18
Година Наслов Извор на финансирање Опис Сума Валута Времетраење
од
До
2017 Социјални права за ранливи групи (SoRi) Германска канцеларија за развој и соработка (GIZ) Целта на регионалниот проект е да се подобри состојбата за обезбедување еднавки социјални права за ранливите групи во избраните општини на Западен Балкан. Во фокусот на пристапот за човекови права на проектот се државните институции, кои се обврзани да ги гарантираат човековите права и социјалните услуги, но исто така и невладините организации кои даваат услуги. Нивните капацитети (и индивидуалните капацитети на работодавачите и организационите капацитети на институциите) треба да зајакнат со овој проект. 450000 MKD 25-09-17 15-07-19
2017 Ефектите на инструментите од процесот за стабилизација и асоцијација врз европската интергација и регионалната соработка на ЗБ6 Министерството за надворешни работи на С.Р. Германија и Фондацијата институт отворено општество Главната цел е да придонесе за дискусија основана на факти во јавноста за ефектите ефектите од европската интеграција на Западниот Балкан преку обезбедување на длабоки анализи за влијанието на ССА во Србија, Албанија и Македонија и ЦЕФТА2006 во сите земји-членки врз основа на истражување базирано на цврсти факти. 7500 EUR 09-01-17 12-31-18
2017 Заедничка акција за итни реформи во судството УСАИД – Фондација Отворено општество – Македонија Општа цел на проектот е зајакнување на транспарентноста, отчетноста и професионалноста на органите на правосудството
Краткорочни (специфични) цели:
– Зајакнување на структурниот мониторинг над реализацијата на Итните Реформски Приоритети (ИРП) во правосудството;
– Унапредување на јавната дебата за имплементирање на ИРП во правосудството преку граѓанско застапување.
4530 USD 07-01-17 06-30-18
2017 Поттикнување одржлива реинтеграција на Роми повратници во Македонија OSI TTF_RIO Иницијатива за отворено општество – Тинк Тенк Фонд – Канцеларија за ромски иницијативи Проектот ќе се фокусира на политиките и практиките кои се однесуваат на Ромите повратници, како и на нивните грижи и потреби. Проблемите за реинтегрирање на Ромите повратници во Македонија ќе бидат истражувани преку локални соработници од пет селектирани општини, кои ќе работат со семејства на повратници. Семејствата на повратниците на крај ќе добијат соодветни обуки за стекнување вештини, кои ќе им помогнат за идно вработување. 67176.20 USD 01-01-17 12-31-17
2017 Одредници за ЕУ реформи – колку се ефикасни? БЕНЧЕР European Fund for the Balkans Утврдување на ефикасноста на одредниците за членство во ЕУ на земјите од Западниот Балкан и придонесување кон подобрување на овој механизам како поттик за ЕУ реформи во земјите од регионот. 8613 EUR 01-01-17 12-31-17
Година Наслов Извор на финансирање Опис Сума Валута Времетраење
од
До
2016 Национална дебата за ЕУ Civika Mobilitas Придонес за зајакнување на културата на јавна дебата во Република Македонија 1991096 MKD 07-01-16 03-31-17
2016 Правда: Следење на доброто владеење до раст – Judgment RCC – Regional Cooperation Council Целта на проектот е да придонесе до воспоставување на механизан за Граѓанските организацииза селедење на исполнувањето на индикаторите од Стратегијата Југоисточна Европа 2020, во делот на димензијата со добро владеење до раст. 44000 EUR 07-10-16 12-31-16
2016 Градење на идната генерација на млади лидери Center for International Private Enterprise (CIPE) Вклучување на главната група на млади лидери од Македонија во граѓанско учество и претприемачки активности, воедно и да ја зголеми информираноста на јавниот дискурс за клучните демократски и економски теми. CIPE во партнерство со Младинскиот образовен форум и Институтот за европска политика ќе имплементираат сеопфатна лидерска програма за да ја изградат новата генерација на млади претприемачки и граќански лидери. CIPE и неговите партнери ќе подржат малди практиканти да ги истражат институционалните фактори кои придонесуваат до невработеност на младите и од исклучување од процесот на креирање на политики, како и споделување на наодите на тркалезна маса со присуство на засегнатите страни и преку нови медиуми. 88640 USD 07-01-16 07-01-17
2016 Нега за негувател(к)ите: Анализа на политиките за неформална нега во Македонија и Босна и Херцеговина Regional Research Promotion Programme in Western Balkan (RRPP) Овој проект е надоградба на „(НЕ)Еднаквостите во социјалната заштита: анализа на повеќе нивоа за интерсекционалноста во давањето социјална помош – Компаративна студија.“ Проектот се состои во спроведување анализа на политики на неформална, долгорочна грижа со фокус на неформалните негуватели и нивно застапување. 19998 CHF 06-01-16 11-30-16
2016 Мониторинг на владеење на правото во Западен Балкан (MERLIN) Европски фонд за Балканот (ЕФБ) Целта на проектот е да постави регионален координативен механизам за демократија и владеење на правото, кој ќе се рефлектира преку имплементација на поглавјето 23 – Правосудство и фундаментални права и Поглавје 24 – Правда, слобода и безбедност во Македонија, Србија и Црна Гора 29960 EUR 01-01-16 12-31-16
2016 Мрежа 23+ Делегација на ЕУ – ИПА Специфична цел на проектот е да придонесе преку вградување на принципите на владеење на правото, отелотворени во поглавјето 23, во Република Макдеонија, преку структуиран инпут на Мрежа 23+ 313506 EUR 01-01-16 12-31-17
Година Наслов Извор на финансирање Опис Сума Валута Времетраење
од
До
2015 WEBER – Проект за Западен Блакан за воспоставување на мониторинг на граѓанското општество врз реформата на јавната администрација ИПА програма за повеќе земји Главната цел е да се зголеми релевантноста, учество и на капацитетите на граѓанските организации и медиумите во Западен Балкан со цел да се залагаат и да влијаат на дизајнирањето и имплементацијата на реформите во јавната администрација 179874.49 EUR 12-15-15 12-15-18
2015 Борба против бариерите за излез: Македонските Роми на границите Фондација институт отворено општество (FOSI) Овој проект ќе испита како процесот на визна либерализација како иснтрумент за европеизација резултирање со вградување на политиките што ја ограничуваа слободата на движење на Ромите во случајот со Македонија 77970 USD 12-18-15 12-18-16
2015 Мрежа 23: Следење на итните реформски приоритети Амбасада на кралството Холандија Општа цел на проектот е да придонесе кон мониторинг и застапување на имплементацијата на политичкиот договор и итните реформски приоритети на ЕК, преку структуиран импут од Мрежа 23 17522 EUR 09-15-15 12-31-15
2015 Дијалози за визија Британска амбасада – Скопје Зајакнување на дијалогот за клучните прашања со кои се соочува македонското општество, преку креирање на политики базирани на докази 99385 GBP 05-01-15 03-31-16
2015 Зајакнување на организациите за заштита на потрошувачите за подобри општински услуги во Југоисточна Европа Германско друштво за меѓународна соработка (ГИЗ) Главна цел на проектот е да ги зајакне капацитетите на организациите за заштита на потрошувачите и други тела на локално и национално ниво во Југоисточна Европа, особено во контекст на Европска интеграција. Проектот ќе ја подобри заштитата на потрошувачите и нивните интереси и ќе ја зголеми меѓусебната доверба помеѓу корисниците и давателите на услуги, и со тоа ќе придонесе за подобрување на квалитетот на услугите 59820 EUR 02-15-15 03-15-16
2015 Подобрување на квалитетите за истражување, комуникации и внатрешен развој Фондација за отворени општества – Фонд за мисловни лаборатории (TTF) Грант за организационен развој 100277 USD 05-01-15 04-30-17
2015 Имплементирање на принципот на превична застапеност во Македонија УСАИД – Фондација Отворено општество – Македонија Целта на проектот е да се процени моменталната спроведување на принципот на правична застапеност, предвиден во Охридскиот рамковен договор, во македонската јавна администрација 38682 USD 01-21-15 01-20-16
2015 Мрежа 23 Амбасада на кралството Холандија Финансиска контрибуција за имплементирање на Мрежа 23 38500 EUR 04-30-14 07-31-15
2015 Ревизија на успешност и евалуација на политиките: На исти или паралелни патеки? Во соработка со Центарот за европски политики (CEP) од Белград како носител на проектот и Институтот Алтернатива од Подгорица Регионална програма за промовирање на истражувањата (Швајцарска агенција за развој и соработка) Целта на проектот е да се анализира врската помеќу ревизијата на успешност и евалуација на политиките, на нивната комплиментарност и можноста да се користат наодите од ревизијата за зајакнување на евалуацијата на политиките, консеквентно да се зајакне процесот на носење на одлуките на земјите од конзорциумот 28805 CHF 08-01-14 07-31-15
2015 Нееднаквостите во социјалната заштита: анализа на повеќе нивоа во интерсекционалноста на давање на социјална заштита – Компаративна студија Регионална програма за промовирање на истражувањата (Швајцарска агенција за развој и соработка) Истражување за интерсекционалноста на нееднаквоста во социјалната заштита во Босна и Херцеговина и Македонија, на симболично, структурално и индивидуално ниво 67240 CHF 08-01-14 07-31-15
Година Наслов Извор на финансирање Опис Сума Валута Времетраење
од
До
2014 Мрежа 23 Делегација на ЕУ – ИПА Грант за создавање мрежа од граѓански организации за следење, евалуација и застапување на политиките во рамки на Поглавјето 23 од пристапните преговори во ЕУ – Правосудство и темелни права. 158858 EUR 04-30-14 07-31-15
2014 Еврозум (ко-апликант) Делегација на ЕУ – ИПА Грант за подготовка и емитување на 24 емисии Еврозум за процесот на преговори за членство во Европската Унија 10000 EUR 01-15-14 01-15-15
2014 Анализа на граѓанските организации во нивниот активизам во социјалните, трудовите и прашањата поврзани со заштита на човековите парава и нивниот капацитет за користење на ЕУ фондови УСАИД – Фондација Отворено општество – Македонија Мал истражувачки грант за поготовка на истражување на финансирањето на граѓанските организации во рамки на ИПА за реализација на проекти во областа на анти-дискриминацијата 2400 USD 01-01-14 06-30-14
Година Наслов Извор на финансирање Опис Сума Валута Времетраење
од
До
2013 Зајакнување на парламентарната контрола врз користењето на фондовите на ЕУ во Западен Балкан Вестминстер фондација за демократија (ВФД) Договор за подготовка на прирачник за пратениците и парламентарните служби во земјите од Западен Балкан за Инструментот за претпристапна помош (ИПА) и спроведување обуки за поттикнување на надзорната улога на парламентот врз ИПА 7150 GBP 08-08-13 03-31-15
2013 ЕПИ Грант Фондација за отворени општества – Фонд за мисловни лаборатории (TTF) Грант за поддршка на институционалното и организационото поставување на ЕПИ, како и развој на програмските активности на Институтот. 95000 USD 04-15-13 04-15-15
2013 Партнерство во користењето на фондовите на ЕУ УСАИД – Фондација Отворено општество – Македонија Мал истражувачки грант за истражување за значењето на принципот на партнерство помеѓу државните институции и граѓанскиот сектор во користењето на фондовите на ЕУ 2400 USD 02-01-13 07-31-13
2013 Вградување на знаењето за ЕУ Амбасада на Обединетото Кралство Проект за формирање неформална мрежа од македонски експерти кои ги завршиле своите постдипломски/докторски студии надвор од земјата во областа на политиките и законодавството на ЕУ. 17000 GBP 02-01-13 04-30-13
2013 ИПАДАТА Балкански фонд за демократија (БТД) Грант за воспоставување структуиран и незавизен механизам за документирање на сите документи и процеси поврзани со реализацијата на фондовите од ИПА во Република Македонија 21000 USD 01-20-13 01-14-14
Година Наслов Извор на финансирање Опис Сума Валута Времетраење
од
До
2012 Администрацијата во огледалото на европската рамка за процена Словачко – Балкански Фонд за јавна политика (фондација ПОНТИС) Грант за истражување за поттикнување на примената на Заедничката рамка за процена на јавната админиситрација во Република Македонија, користејќи го примерот на Република Словачка 4444 EUR 02-29-12 06-30-12
2012 Зајакнување на парламентарната контрола врз користењето на ЕУ фондовите во Република Македонија Европски фонд за Балканот (ЕФБ) Грант во рамките на регионалната иницијативата Think and Link 2012 за истражување за механизмите за зајакнување на парламентарната контрола врз користењето на ЕУ фондовите во Република Македонија 15000 ЕУР 05-01-13 03-15-13
2012 Следење на користењето на фондовите на ЕУ во Република Македонија Фондација Фридрих Еберт (ФЕС) Проект за истражување за користењето на фондовите на ЕУ во Република Македонија, како основа за расправа во Националниот совет за евроинтеграции; издавање и промоција на збирка трудови 16184 EUR 04-01-12 11-30-13
Година Наслов Извор на финансирање Опис Сума Валута Времетраење
од
До
2011 Поддршка во унапредувањето на спроведувањето на медијацијата во Република Македонија Амбасада на Кралството Холандија во Скопје (Програма МАТРА) Прокет за техничка помош на Министерството за правда за подобрувањето на имплементацијата на
медијацијата во граѓанските и трговските спорови во Република Македонија, со цел создавање нормативна и институционална
околина поволна за одржлив развој на медијацијата во Македонија.
5663490 MKD 7.12.2011 7.07.2013
2011 ЕПИ Грант Фондација за отворени општества – Фонд за мисловни лаборатории (TTF) Грантот обезбеди институционално и организационо поставување на ЕПИ, како и развој на програмските активности на Институтот. 40000 USD 1.11.2011 31.10.2012
image
https://epi.org.mk/wp-content/themes/blake/
https://epi.org.mk//
#00ccff
style1
paged
Loading posts...
/home/epiorgmk/public_html/
#
on
none
loading
#
Sort Gallery
https://epi.org.mk/wp-content/themes/blake
on
yes
yes
off
Enter your email here
off
off
mk