Нашиот најнов документ за политики, “Гласот на граѓаните во Собранието: гледишта на граѓаните од Националната дебатна анкета за улогата на Собранието процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ”, ги истакнува клучните препораки од петата Национална дебатна анкета во Северна Македонија!
Дебатната анкета покажа дека граѓаните се подготвени и способни да се занимаваат со сложени прашања поврзани со процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ кога им се обезбедени избалансирани информации, можности за дискусија и директна интеракција со експерти и оние што носат одлуки. Препораките од докоументот за политики посочуваат на тоа:
Јакнење на вклученоста на граѓаните: Формирање граѓански панели и дебатни форуми со јасни собраниски процедури и разгледување најсоодветната процедурална основа за вградување на вакви механизми во својата редовна работа.
Засилен собраниски надзор и јавни дебати: Собранието треба попроактивно да информира за своите надзорни активности, особено во однос на следењето на реформите поврзани со пристапувањето. Поголемата видливост на работата на комисиите, јавните расправи и механизмите за надзор може да го подобри јавното разбирање за улогата на Собранието во процесот на пристапување.
Интерактивен дијалог преку НКИЕ и КЕП: Организирање структурирани дискусии на тркалезни маси со пратеници, граѓани и експерти за реформските приоритети.
Промовирање на конструктивен меѓупартиски консензус: Собранието треба да обезбеди простор за суштински меѓупартиски дијалог за реформите поврзани со пристапувањето, особено преку Националниот совет за евроинтеграции, Комисијата за европски прашања и други релевантни собраниски работни тела.
Појасна и подостапна комуникација: Подобрена комуникација од страна на Министерството за европски прашања, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија и Собранието за тоа како се носат одлуките и како ЕУ реформите влијаат врз граѓаните.