Дебатна анкета за предностите и недостатоците на улогата и моделите на вклучување на Собранието во процесот на пристапување во Европската унија
Овој документ има цел да понуди јасна и структурирана основа за размислување и дискусија за улогата и функционирањето на Собранието, со акцент на процесот на пристапување на државата во ЕУ.
Поконкретно, документот:
- ги објаснува основните функции на Собранието во уставниот и во политичкиот систем;
- ги идентификува структурните предизвици во неговото функционирање;
- ги разгледува аргументите „за“ и „против“ различни толкувања на неговата улога;
- отвора простор за критичко преиспитување на односот меѓу законодавната и извршната власт;
- поттикнува информирана, аргументирана и инклузивна јавна дебата.