Проектот „Следење реформи и раст во Западен Балкан“, спроведуван од членови на мрежата Мисли за Европа (ТЕН) и Транспаренси Интернешнл – Босна и Херцеговина (ТИ-БиХ), со поддршка од Европската Унија, објавува Повик за предлози во рамки на Механизмот за мали грантови „Реформа за раст“.
Целта на овој Повик е да ги зајакне граѓанските организации во обезбедувањето независен мониторинг, застапување и секторски перспективи во однос на имплементацијата на Планот за раст за Западен Балкан.
Вкупен износ од 314.620 евра е доделен на SGF за поддршка на максимум 20 грантови, со период на спроведување од 10 до 12 месеци по акција. Финансиската рамка за грантовите е следна:
- Максимален износ на грант: 16.000 евра
- Индикативен просечен грант: 15.730 евра
Индикативната регионална распределба е планирана на следниов начин:
| Земја | Број на грантови |
| Србија | 4 |
| Босна и Херцеговина | 4 |
| Северна Македонија | 3 |
| Албанија | 3 |
| Косово | 3 |
| Црна Гора | 3 |
| ВКУПНО | 20 |
За да биде подобен за грант, апликантот мора:
- Да биде правно лице;
- Да биде непрофитен субјект;
- Да биде граѓанска организација чии активности се спроведуваат на национално и/или локално ниво (т.е. во рамките на една или повеќе единици на локалната самоуправа);
- Да покаже активно и соодветно искуство во една или повеќе тематски области на овој Повик, преку својот мандат, претходни или тековни активности, истражување, следење или застапување;
- Да биде регистриран во една од следниве земји: Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Босна и Херцеговина или Косово, најмалку шест (6) месеци пред објавувањето на овој Повик;
- Да биде директно одговорен за подготовката и управувањето со акцијата, а не да дејствува како посредник;
- Да имаат доволен оперативен и финансиски капацитет за спроведување на предложената акција;
- Да не биде корисник на средства во рамките на Програмата на ЕУ за граѓанско општество и Медиумската програма (Референтен број EuropeAid/179703/DH/ACT/Multi) во истиот период на спроведување на предложената акција.
Тематски приоритети на механизмот:
- Интеграција во единствениот пазар на ЕУ;
- Регионална интеграција преку Заедничкиот регионален пазар (ЗРП);
- Приоритетни области од Реформските агенди;
- Спроведување на Инструментот за реформи и раст (ИРР);
За повеќе информации за овој Механизам за мали грнатови, ве молиме внимателно прочитајте го УПАТСТВО ЗА АПЛИКАНТИTE ЗА ГРАНТОВИ.
Поднесување на апликацијата
Апликациите мора да се поднесат електронски и да ги содржат следните документи:
- Анекс 1: Образец за опис на проектот
- Анекс 2: Образец за буџетот на проектот (Excel)
- Анекс 3: Резиме на предлог-проектот на англиски јазик
Краен рок за поднесување: 6 мај 2026 година до 17:00 часот (CET).
Апликациите треба да се испратат на:: [email protected]; со копија: [email protected]
Насловот на е-поштата треба да гласи: CfP: Re-form for Growth – (Country)_Application
Информативни сесии
Информативните сесии за заинтересираните кандидати ќе бидат организирани онлајн (преку Google Meet или Zoom) во текот на неделата од 25 март до 1 април 2026 година.
Сесиите ќе бидат организирани од соодветниот партнер за имплементација во секоја земја:
- Северна Македонија – Институт за европска политика (ЕПИ), Скопје
- Србија – Центар за европски политики (ЦЕП), Белград
- Црна Гора – Институт Алтернатива (ИА), Подгорица
- Албанија – Институт за демократија и медијација (ИДМ), Тирана
- Косово – Група за правни и политички студии (Приштина), Приштина
- Босна и Херцеговина – Транспаренси Интернешнл во Босна и Херцеговина (ТИ-БиХ)
Сесиите ќе дадат насоки за тематските приоритети, критериумите за подобност, условите за аплицирање и процесот на евалуација.
Детални информации за точните датуми, термини и процесот на регистрација ќе бидат објавени навремено на: www.reform-monitor.org.
Доколку е потребно, дополнителни информации може да се добијат со испраќање прашања на наведената е-пошта, најдоцна до 6 април 2026 година.




