Анализа: Сеопфатна оцена на спроведувањето на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор (2017-2022)
Периодот планиран за спроведување на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор (Стратегијата) започна во 2017 година, а завршува во 2022 година. Блупринт-групата редовно го следеше спроведувањето на Стратегијата во изминатите години и годинава, а и активно подготвуваше анализи, извештаи и други документи со кои ѝ ги презентираше наодите од мониторингот на јавноста и ги приближи граѓаните поблиску до процесот на реформа на правосудниот сектор. Анализата за сеопфатна оцена на спроведувањето на Стратегијата (Анализата) има цел да даде сеопфатна и независна оцена на овој процес и да понуди препораки врз основа на наодите, кои би можеле да се вметнат во следната Стратегија за реформа на правосудниот сектор.