Прв мониторинг извештај за имплементација на ИРП во судството – Заедничка акција за итни судски реформи
Овој мониторинг извештај е базиран на итните реформски приоритети, од јуни 2015 година, во делот на владеењето на правото и судството – сектор правосудство (кои за основа го имаат Извештајот на експертската група, предводена од Рајхард Прибе, од 2015 година), и на Вториот извештај на Прибе, од септември 2017 година. Прибирањето на податоците за овој извештај главно беше базирано на изработената Методологија за следење на институции од правосудниот систем на Република Македонија со цел идентификување на реформите кои беа утврдени како приоритет (ИРП).