Кон закрепнување од КОВИД-19 засновано на темелните права
Пандемијата на КОВИД-19 ги разоткри недостатоците во почитувањето на основните права на здравје, образование, вработување и социјална заштита. Извештајот за темелните права на ФРА, 2021, го прикажува широкото влијание на пандемијата врз правата и сугерира како најдобро да се решат зголемените нееднаквости и закани за општествената кохезија.
„КОВИД-19 ја тестираше подготвеноста на системите за заштита на темелните права низ цела ЕУ“, вели директорот на ФРА, Мајкл О’Флерти. „Владите треба да воспостават трајни структури за справување со нееднаквоста, расизмот и исклучувањето. Само пристапот заснован на права им овозможува на владите да градат инклузивни општества“.
Извештајот за темелните права на ФРА ги потенцира случувањата и недостатоците на заштитата на темелнитеправа во ЕУ во текот на изминатата година. Поглавјето кое во фокусот го има коронавирусот го разгледува влијанието на пандемијата врз темелните права врз секојдневниот живот на луѓето, особено на ранливите групи како постарите лица, лицата со попреченост, Ромите и мигрантите.
Во иднина, владите треба да се консултираат со националните тела за човекови права за да проценат како нивните мерки за заштита на јавното здравје влијаат врз темелните права. Владите, исто така, треба:
- да ја зајакнат приспособливоста на образовниот, здравствениот и системот за социјална заштита со цел да ги задоволат потребите на сите;
- да усвојат дигитални решенија, да го премостат дигиталниот јаз и да се справат со дезинформациите;
- да обрнат внимание на групите од висок ризик како што се лицатакои се згрижени, притворени или бездомници;
- да обезбедат фер и еднаков пристап до вакцини.
Другите клучни проблеми кои се издвоија во 2020 се:
- Расизам– пандемијата ги засили дискриминацијата, делата од омраза и говорот на омраза кон малцинствата, особено кон лицата со мигрантско потекло и Ромите. Истовремено, движењето “Блек лајвс метр” (Black Lives Matter) и првиот Акциски план за анти-расизам на ЕУ мобилизираа напори за справување со расизмот во Европа. Земјите-членки на ЕУ треба да ги засилат напорите за борба сорасизмот преку национални акциски планови, казнување на криминалот од омраза, поддршка на жртвите и справување со дискриминаторската етничко профилирање во полициското работење.
- Миграција– почитувањето на темелните права на границите останува предизвик во ЕУ. Мигрантите умираа на море, се соочуваа со насилство и одвраќање од копните граници и пренатрупаност во приемните центри. Во линија со предложениот Пакт за миграции и азил на ЕУ, земјите-членки на Унијата треба да спроведат ефективен и независен мониторинг за да се спречат прекршувањата на правата на границите. Тие исто така треба да обезбедат соодветни објекти за приемни центри
- Права на децата– многу деца страдаа за време на пандемијата, особено тие со економски или социјално ранливо потекло. Образованието на далечина беше тешко без пристап до Интернет или компјутери. Злоупотребата и малтретирањето на децата се зголеми за време на карантините. ЕУ треба да ги поддржи иницијативите во рамки на идната Европска гаранција за деца, насочени кон областите и групите најпогодени од пандемијата. Земјите-членки на ЕУ треба да обезбедат сите деца да имаат еднаков пристап до образование и да бидат заштитени од злоупотреба и малтретирање.
Извештајот ги сумира и анализира главните случувања на полето на темелните права во ЕУ во 2020 година. Истиот содржи предлози за акција што ја покриваат Повелбата за темелните права на ЕУ и нејзината употреба од страна на земјите-членки; еднаквост и недискриминација; расизам и поврзана нетолеранција; инклузија и еднаквост на Ромите; азил; граници и миграција; информатичко општество; приватност и заштита на податоци; права на детето; пристап до правда; и имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост.
Институтот за европска политика заедно со нашите надворешни соработнички и оваа година го изработи извештајот за Северна Македонија.