Дебата: Преку реформи во образованието до европеизација на општеството
Образованието претставува клучен начин преку кое општеството се надоградува и развива. Преку квалитетно образование генерациите се едуцираат за правата, законите и заштитата на своите, но и правата на другите, при што се придонесува кон запознавање и на домашната култура и вредност, но и на европската култура и вредности. Со самото воведување на реформи и промени во образованието, но и во другите делови на општествениот живот, може да се очекува голем напредок и чекор напред кон процесот на европеизација.
Дискусијата “Демократското општество во Северна Македонија и предизвиците со кои се соочува” имаше цел да ги вклучи граѓан(к)ите во дебатна дискуција преку која можеа да го изјаснат својот став за различните аспекти од демократското општество, од родовата нееднаквост до развиеноста на македонска свест за животот во евроспкото општество. Првиот дел од дискусијата беше оставен целосно на граѓаните-учесници, кои имаа можност да ги изразат и спротистават своите ставови. Во вториот дел граѓаните имаа можност да постават прашања за кои имаат дополнителен интерес до експерт од областа.
Како дел од дискусијата покрај учесниците на Охридскиот и Струшкиот регион, беше поканет и професорот од Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Горан Јанев, како експерт во вториот дел од дискусијата кој директно даде дополнително објаснување на прашањата на граѓан(к)ите. Дискусијата беше модерирана од професорот Абдула Азизи, од Универзитето на Југоисточна Европа.
Родовата нееднаквост е тема на дискусија на широк радиус низ светот. Учесничките истакнаа дека најголем број од жените се чувстваат потиснато и дискриминирано од страна на машката популација. Независно од тоа што постои законска регулација за вакви прашања, мнозинството на примери во реалниот живот кажуваат спротивно. Случаи како дискриминација на работно место поради полот, неможност да се пријави насилство поради тоа што никој нема да верува и многу други ја докажуваат супериорноста на мажите во општеството. Беше истакнато дека е потребно да се превземат акции кои би загарантирале промена во општеството во однос на родовата еднаквост.
Истотака, учесниците дискутираа и за попозитивно гледиште во однос на женската позиција на работното место. Нееднаквоста е перцепција на индивидуалноста и не треба сите да го ограничуваме и адаптираме мислењето на туѓо. Постојат голем број примери кои докажуваат дека жените можат да стигнат до високи позиции со тоа и до степен да им биде ценет вложениот труд. Самата сконцентрираност на нееднаквостите, без да се преземе акција, нема да ја промени актуелната состојба. Кога индивидуалниот поглед и начин на размислување ќе се отвори кон модерните промени и колективната свест ќе може да се прилагоди на иститие.
Учесниците меѓу другото, се осврнаа и на заминувањето на младите во европските земји. Според нив државата ги губи младите поради големата оддалеченост од европските стандарди и можности. Најголем дел од младите одат или планираат да одат во странство, независно дали за образование или работа. Проблемите како партизацијата во скоро секоје ниво на државата како и малите расположливи ресурси за унапредување се причини поради кои државата ја губи младината, а со тоа и можноста за развиток. Целиот процес на миграција, учесниците стравуваат дека ќе продолжи да се одвива, во поголеми мери, доколку државата не вложи напор барем да се приближи на големите економски сили.
Професорот Јанев, во својот дел, истака дека меѓуетничките односи влечат историски корени. „Демократскиот“ системот се карактеризира со етнократија, а граѓаните се политички предопределени припадници на етнички групи кои своето политичко битисување го артикулираат преку репрезенти. Како што кажа тој, ова резултира кон еден свет во кој никој не може да се бори за човековите права и слободи на граѓаните, освен оние во рамките на етничката призма. На нас, граѓаните, ни е одземен процесот на учество во општеството со тоа што сме претворени во етнички субјекти.
„Во државата треба да има три столба кои гарантираат демократија: законот, извршната власт и правосудниот систем. Постои редослед по кој е потребно столбовите да дејствуваат, кој во Македонија е целосно испреплетен и тотално неиспочитуван. Политичките ентитети се оние кои самостојно одлучуваат за државата и што е најдобро за неа. Со тоа што моќта е целосно лоцирана кај политичките партии доведува до девалуација на демократкиот систем. Европеизацијата ќе започне кога ќе ги отфрлиме политизацијата и етнички ситуираните интереси“ кажа професорот Јанев.
Според него, самото класно раслојување и обезправување на граѓаните доведува до загуба на довербата и надежта на младите, како и зголемено чувство на неприпадност во заедницата. Со тоа што граѓаните се поделени се губи и заедништвото. Лажните авторитети и недоволната валозирација се она што ја деградира целата држава.
Настанот беше организиран како дел од проектот „АКТ–Активна граѓанска акција 2.0“, спроведенод Институтот за европска политика–Скопје со поддршка од Центарот за делиберативнадемократија од Универзитетот Стенфорд од САД. Проектот е финансиран од National Endowment for Democracy од САД. Оваа дискусија, заедно со уште 3 останати дебатни дискусии со граѓан(к)и на различни теми низ целата држава, ќе придонесат за развивање на Национална дебатна анкета којае планирана во 2022 година.