Извештајот на Прибе две години подоцна: нова влада и нови можности за решавање на стари проблеми
Овој документ најпрво дава кратка оценка на спроведувањето на Приоритетите, која се потпира на систематскиот мониторинг спроведен од Мрежата 23 во целиот период од изминатите две години. Сепак, исто така ќе се осврнеме на основните наоди и препораките од самиот Извештај, со цел да ги идентификуваме најкритичните прашања и ризиците во новосоздадената ситуација, по формирањето на новата македонска влада, истовремено разгледувајќи го потенцијалите за промена. На крајот, за клучните прашања даваме опции и препораки.