Давање на услуги во Северна Македонија: Резултати од излезната анкета

Во рамките на грантовата шема на проектот WeBER 3.0, Институтот за европска политика – Скопје (ЕПИ) потпиша договори за грантови со три граѓански организации за подобрување на вклученоста на граѓаните во реформата на јавната администрација (РЈА) на локално ниво. Организацијата на потрошувачите на Македонија (ОПМ) работеше на дигитализација и модернизација на комуналните услуги во Охрид; Блинк 42-21 разви дигитална платформа за подобрување на јавните услуги во Кочани; Про Локал се фокусираше на приближување на дигиталните општински услуги до граѓаните во Битола и на развој на дигитален културен календар за граѓаните таму. Во рамките на овие иницијативи, секоја организација спроведе излезни анкети во кои беа вклучени по околу 200 граѓани за да добие повратни информации за локалната администрација, со цел да се обезбедат информации за напорите за потранспарентно и поодговорно владеење во кое граѓаните ќе бидат во центарот согласно стандардите на ЕУ.