Извештај за спроведувањето на реформската агенда: Пилот-следење на реформите во Република Северна Македонија

 

Извештајот од спроведувањето на реформската агенда: Пилот-следење на реформите е прв од серијата национални извештаи од следењето во рамките на проектот Следење на реформи и раст во Западен Балкан.

Овој прв извештај од спроведувањето на реформската агенда: Пилот-следењето на реформите е прелиминарен полугодишен пресек (слика), а не детална евалуација. Затоа што проектниот тим го тестира методолошкиот пристап и индикаторите, понатамошниот развој на политиките во следните недели може да доведе до промена на статусот на реформите што се во најава.

Следењето на реформите се однесува на спроведувањето на избраните реформски чекори од Реформската агенда. Избраните реформски чекори се организирани во т.н. „домени на политики“ што спаѓаат во области и подобласти на политики на Реформските агенди. Овие „домени на политики“ се развиени врз основа на дополнително ниво на идентификација и кодирање на реформските чекори од страна на проектниот тим. Пристапот е избран со цел сосредоточување на заедничките реформски чекори во регионот на Западен Балкан и овозможување анализа, бенчмаркинг и споредливост на регионално ниво, земајќи ги предвид ограничените човечки ресурси и тематската експертиза на мрежата TEN. За методолошките белешки и процесот на селекција на реформските чекори видете ja методолошката нацрт-белешка.

Пилот-извештајот за спроведување на реформската агенда е подготвен врз основа на методологијата за Следење на реформите и опфаќа: (1) извршно резиме на високо ниво; (2) анализа на постапната усогласеност според рамката на Инструментот за реформи и раст; (3) преглед на статусот на спроведување на реформите по домени на политики; и (4) наративна анализа на клучниот напредок и клучните предизвици. Секој дел дава слика за напредокот и предизвиците во спроведувањето на реформската агенда на Република Северна Македонија.

Имајте предвид дека крајниот рок за прибирање и оцена на податоците за овој извештај е 30 јуни 2025 година. Настаните што ќе се случуваат по овој датум не се опфатени во овој извештај, но ќе бидат земени предвид во следните.

RA_Pilot%20Reform%20Monitor_North%20Macedonia_First%20Semester%202025_As%20of%20June%202025%20(2)