Анализа за примената на медијација во Северна Македонија подготвена во рамките на проектот „Медијација, без дилема“ кој го спроведува Институтот за европска политика (ЕПИ)- Скопје го спроведува во соработка со Академија за судии и јавни обвинители ,,Павел Шатев’’, Комора на медијатори на Република Северна Македонија и Холандска федерација на медијатори. Проектот е финансиран од Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје.
Анализата за примена на медијацијата е поделена на два дела. Првиот дел се однесува на теоретската анализа на медијацијата, законските решенија за медијацијата и релевантното законодавство од граѓанска, кривична област, како и законодавството за деца. Вториот дел се однесува на квантитативната анализа на примената на медијацијата во практиката од сите релевантни чинители – судовите, обвинителството, медијаторите, приватниот сектор.