| Година | Наслов | Извор на финансирање | Опис | Сума | Валута | Времетраење од |
До |
| 2026 | Поддршка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) во сеопфатната анализа, евалуација и известување за спроведувањето на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021–2025 (НС2021–2025). | Национален демократски институт – НДИ | 5.747,41 | CHF | 04-03-2026 | 31-03-2026 | |
| 2026 | Иницијатива за јавна доверба | Европска Унија | Проектот има за цел да го унапреди влијанието на граѓанските организации во процесите на судска реформа. Општа цел на проектот е зајакнување на отпорноста на институциите од приватниот и јавниот сектор кон корупција во Северна Македонија преку поттикнување на култура на интегритет, намалување на широко распространетата општествена прифатеност на корупцијата и унапредување на мулти-стејкхолдер партнерства за транспарентност, отчетност и етичко управување.
Специфични цели: |
60853 | EUR | 01-01-2026 | 01-05-2028 |
| Година | Наслов | Извор на финансирање | Опис | Сума | Валута | Времетраење од |
До |
| 2025 | Поттикнување јавно учество во конструктивен политички дијалог | National Endowment for Democracy | Проектот цели да ја зајакне информираната јавна дебата во Северна Македонија преку вклучување на граѓаните и пратениците во инклузивни, делиберативни, дијалози за политичката поларизација.Универзитетот Стенфорд, проектот го промовира учеството на граѓаните во обликувањето на демократските реформи. Клучни цели на проектот: – Поттикнување на инклузивна, информирана јавна дебата за демократијата и реформите. – Вклучување на граѓаните, пратениците, граѓанското општество, медиумите, и институциите преку делиберативни анкети. – Промовирање на активно учество на Собранието во интегрирањето на придонесот на граѓаните во законодавството. – Подигнување на свеста за вредноста на делувањето меѓу засегнатите страни | 100000 | EUR | 01-05-2025 | 30-04-2027 |
| 2025 | Мрежи и владеење на правото: Истражување на социо-економските ефекти | European Union’s HORIZON-CL2-2024-DEMOCRACY-01 | NET-ROL: „Мрежи и владеење на правото: Откривање на социо-економските исходи“ е мултидисциплинарен истражувачки проект што обединува институции од 8 европски земји и експерти од економија, право, политички науки и наука за мрежи.
Проектот развива концептуална рамка за улогата на мрежите во обликувањето на владеењето на правото и социо-економските исходи, преку анализа на обемни историски и современи податоци за општествени норми, законодавство, јавна потрошувачка и судски процеси. NET-ROL ја нагласува улогата на граѓаните и мрежната координација во спречувањето на слабеењето на владеењето на правото, анализирајќи ги мрежите во законодавството, извршната власт и судството. Со примена на напредни методи како каузално машинско учење и анализа на мрежи, проектот ги истражува причините за слабеењето на владеењето на правото и неговите ефекти врз растот, нееднаквоста и довербата. |
100267.5 | EUR | 01-03-2025 | 29-02-2028 |
| 2025 | Судска акција за заштита на човековите права | СМАРТ Балкан – Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан | Целта на проектот е промоција и заштита на човековите права преку процесот на Универзален периодичен преглед (УПП) на Организацијата на Обединетите Нации (ООН) Специфични цели 1) Прелиминарно запознавање на судиите и јавните обвинители со процесот на УПП и обезбедување на увид во нивните потреби за натамошно градење на капацитетите 2) Градење на капацитетите на судиите и на јавните обвинители за процесот на УПП и неговото значење 3) Зајакнување на видливоста на процесот на УПП |
224592.38 | NOK | 01-03-2025 | 30-09-2025 |
| 2025 | Градиме мостови за заедничка иднина: Владеењето на правото во насока на пристапувањето во ЕУ | Европска Унија | Организациска поддршка од ЕУ за годишната програма за работа на ЕПИ во однос на владеењето на правото во насока на пристапувањето во ЕУ. | 70.344 | EUR | 01-01-2025 | 31-12-2025 |
| 2025 | COST Акција „Компаративно истражување на извршниот триаголник во Европа“ (CoREx) – CA22150 | Европска Унија | Општа цел на проектот е да се создаде паневропска мрежа на истражувачи кои ги проучуваат односите помеѓу извршните политичари, високите државни службеници и советниците во министерствата („извршниот триаголник“) од меѓународно-компаративна перспектива.
Специфични цели: Координација на истражувањето ● Развивање заедничка концептуална рамка за мапирање и споредба на извршните триаголници во Европа од системска перспектива: CoREx ќе развие концептуална рамка за извршниот триаголник и неговите компоненти, вклучувајќи мерки, операционализација и кодбукови. ● Собирање споредливи податоци врз основа на заеднички алатки за собирање податоци: CoREx ќе генерира податоци кои се уникатни по својата споредливост и географска покриеност во четири области: институционални контексти, кариерни позадини, практики на креирање политики, и отчетност и транспарентност. ● Разбирање на причините и последиците од политизацијата: Оваа цел вклучува (1) развивање заедничко разбирање на политизацијата; (2) создавање знаење за причините и последиците од политизацијата; (3) емпириско тестирање на постоечките претпоставки врз основа на сеопфатно опфатени земји. ● Вклучување на засегнатите страни и пошироката јавност преку активности за дисеминација: CoREx ќе ги вклучи и ќе ги споделува своите клучни наоди со релевантните чинители и пошироката јавност. Градење капацитети ● Премостување на фрагментираните истражувачки заедници: CoREx ќе воспостави кооперативна и добро интегрирана мрежа на научници кои работат на различни аспекти на извршниот триаголник. Оваа цел вклучува (1) поттикнување размена на знаење во мрежата, и (2) олеснување тематски фокусирана соработка во работните групи (WGs) низ фрагментираните заедници. ● Промовирање на истражување(чи) во недоволно проучени региони: CoREx има за цел да изгради истражувачки капацитети за извршниот триаголник во досега недоволно проучени јурисдикции. ● Поддршка на рано-кариерни истражувачи и создавање родово избалансирана мрежа: CoREx ќе се фокусира на интеграција на Млади истражувачи и иноватори (YRI) во мрежата. Акцијата има за цел да ги зајакне нивните методолошки и аналитички вештини. CoREx е силно посветен на создавање родово избалансирана мрежа. |
01-01-2025 | 24-10-2027 | ||
| Година | Наслов | Извор на финансирање | Опис | Сума | Валута | Времетраење од |
До |
| 2024 | Следење реформи и раст во Западен Балкан | Европска комисија преку Програмата за граѓанско општество и медиуми | Општата цел на проектот е да им овозможи на граѓанските организации (ГО) во Западниот Балкан (ЗБ) активно да придонесат во креирање и веродостојно спроведување на реформите поврзани со четирите столба на Планот за раст за ЗБ. Специфичните цели на овој проект се: – – Да се развијат и да се применат инструменти што се базирани на докази и се предводени од ГО, за следење на економски реформи поврзани со процесот на пристапување во ЕУ и стратешки инфраструктурни проекти финансирани од ЕУ. – Да се воспостави дијалог со повеќе засегнати страни предводен од ГО за спроведувањето на структурни реформи на национално и на регионално ниво. – Зајакнување на капацитетите и ангажманот на ГО во креирањето и спроведувањето на секторски реформи преку шема за доделување грантови (регрантирање). – Зголемување на јавната свест за спроведувањето и придобивките на Планот за раст на ЗБ. |
1095633.8 | EUR | 01-02-2024 | 31-12-2027 |
| 2024 | Патишта за интеграција во ЕУ: Унапредување на дијалогот за Планот за раст на Западен Балкан | Фондација Отворено општество | Главната цел на проектот е да ја поддржи улогата на организациите на граѓанското општество и нивното влијание врз кредибилната имплементација на реформите поврзани со Планот за раст на Западниот Балкан (Планот за раст). | 79.954 | USD | 01-05-2024 | 31-12-2024 |
| 2024 | Градиме мостови за заедничка иднина: Владеењето на правото во насока на пристапувањето во ЕУ | Европска Унија | Организациска поддршка од ЕУ за годишната програма за работа на ЕПИ во однос на владеењето на правото во насока на пристапувањето во ЕУ. | 70.344 | EUR | 01-01-2024 | 31-12-2024 |
| Година | Наслов | Извор на финансирање | Опис | Сума | Валута | Времетраење од |
До |
| 2023 | ФРАНЕТ – Агенција за темелни права на ЕУ | Агенција за темелни права на ЕУ | Агенцијата за темелни права на Европската унија (Fundamental Rights Agency, ФРА) го избра Институтот за европска политика – Скопје (ЕПИ) за свој партнер од Северна Македонија за спроведување на истражувања во врска со прашања од нејзина надлежност. ФРА е една од децентрализираните агенции на Европската Унија и е центар на експертизата за темелни права на Европската Унија. Целта на оваа агенција е да дава експертска поддршка и совети на институциите на Европската Унија и на земјите членки со цел обезбедување на заштитата на темелните права на сите лица кои живеат во ЕУ. Дел од главните теми кои ги обработува Агенцијата се: род и родова еднаквост, ЛГБТИК, Роми, лица со попреченост, расизам и нетолеранција, злосторства од омраза, информатичко општество приватност и заштита на податоци, азил и миграции, пристап до правда и права на детето. Со ова, ЕПИ станува дел од ФРАНЕТ – мултидисциплинарната истражувачка мрежа на Агенцијата која постои од 2011 година, а во која се вклучени по еден истражувачки партнер или конзорциум од секоја земја членка на Европската Унија, а која од 2018 година се прошири и во Северна Македонија. ФРАНЕТ изработува тематски студии, извештаи и кратки известувања во врска со различни прашања поврзани со темелните права. |
Максимум: 220000 | EUR | 08-05-2023 | 08-05-2026 |
| 2023 | Зајакнување на граѓанското општество од западниот Балкан за реформирана јавна администрација – „WeBER 3.0“ | Европска Унија | „WeBER 3.0“ директно придонесува за јакнење на партиципативната демократија со овозможување ефективно учество на граѓански организации од Западен Балкан и поддржување на инклузивно граѓанско ангажирање во мониторирање на резултатите од процесите на Реформата во Јавната Администрација на сите нивоа, во согласност со барањата на ЕУ (принципи на СИГМА/ОЕЦД). „WeBER 3.0“ ја прикажува клучната улога на граѓанското општество во градењето здрави демократии преку зајакнување на граѓанските организации за да станат сигурен партнер на владите во процесот на пристапување кон ЕУ. Со обезбедување на континуитет во оценката на напредокот на реформите спроведени од локалните актери на граѓанското општество, „WeBER 3.0“ и неговиот темелник – „PAR Мониторинг 2024/2025“ во Западен Балкан, ќе продолжи да ги води владите во регионот кон успешно пристапување и членство во ЕУ . Граѓанските организации, кои што се опремени со докази и знаење, заземаат централно место на патот на регионот кон ЕУ и се осигуруваат владите да не спроведуваат реформски процеси само за да се квалификуваат за членство во ЕУ, но и за да го подобрат животот на граѓаните. | 201216 | EUR | 01-02-2023 | 31-07-2026 |
| 2023 | Заедничка акција за човекови права | Европска Унија | Главна цел на проектот е промоција и заштита на човековите права во Северна Македонија преку поддршка за парламентарно и граѓанско учество.
СПЕЦИФИЧНИ ЦЕЛИ НА ПРОЕКТОТ:
|
220418 | EUR | 01-02-2023 | 31-07-2025 |
| 2023 | За правда – Граѓанските организации за независно и ефикасно судство“ | Фондација Отворено општество | Општа цел е да се зајакне на учеството, придонесот и влијанието на граѓанското општество преку Блупринт групата во процесите за реформи на правосудството и пристапување кон ЕУ, а кои се однесуваат на кластерот Основи (Fundamentals).Краткорочни цели на проектот се:1. Зголемување на влијанието на ГО во процесот на изработка и спроведување на Стратегијата за правосудниот сектор (2023 – 2027);2. Зајакнување на улогата на ГО во истакнување на негативните состојби, процеси и поединечни случаи кои ја доведуваат во прашање независноста, непристрасноста, транспарентноста и одговорноста во правосудните институции; и3. Обезбедување учество и придонес на ГО во аналитичкиот (билатерален) скрининг процес поврзани со кластерот основи. | 9900 | USD | 01-01-2023 | 30-06-2024 |
| 2023 | Поддршка за РеСПА во нивните напори за продолжување на реформата на јавната администрација во ЕУ-интегративниот процес на Западен Балкан | РеСПА | Целта на проектот е поддршка за јавните администрации на Западен Балкан да обезбедат подобри услуги за граѓаните и бизнисите. Специфичната цел е да го подобри спроведувањето на клучните полиња за хоризонтална реформа на јавната администрација идентификувани во националните стратегии за РЈА. | 16470 | EUR | 10-01-2023 | 15-03-2023 |
| 2023 | Зајакнување на граѓанското општество од западниот Балкан за реформирана јавна администрација – „WeBER Plus“ | СМАРТ Балкан – Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан | Главната цел на проектот е понатамошно да ги поттикне граѓанските организации во Западен Балкан да се ангажираат во дизајнирањето и спроведувањето на реформата на јавната администрација во согласност со барањата во процесот на пристапување кон ЕУ. | 218637 | NOK | 01-01-2023 | 30-09-2024 |
| 2023 | Градиме мостови за заедничка иднина: Владеењето на правото во насока на пристапувањето во ЕУ | Европска Унија | Организациска поддршка од ЕУ за годишната програма за работа на ЕПИ во однос на владеењето на правото во насока на пристапувањето во ЕУ. | 68297 | EUR | 01-01-2023 | 31-12-2023 |
| Година | Наслов | Извор на финансирање | Опис | Сума | Валута | Времетраење од |
До |
| 2022 | Поттикнување анализа на политики и јавна дебата 3.0 | National Endowment for Democracy | Проектот има цел да ја зајакне културата на информирана јавна дебата во Република Северна Македонија преку размислување за новите и испреплетени прашања – безбедност, одбрана, економска стабилност и интеграција во ЕУ. Проектот е продолжение на нашата претходна успешна организација на советодавни анкети во земјата и нашиот тековен проект, поддржан од НЕД и во соработка со Центарот за советодавна демократија од Универзитетот Стенфорд. | 110000 | УСД | 01-10-2022 | 30-09-2024 |
| 2022 | Зајакнување на остварувањето на социјална заштита преку социјална отчетност, со фокус на маргинализираните групи, вклучувајќи ги Ромите и повратниците | Светска банка | Главната цел на оваа задача е да се развие и имплементира процес на социјална отчетност кој ќе идентификува и документира како социјалната реформа од 2019 година допира до ранливите и маргинализираните групи, вклучувајќи ги Ромите и повратниците, и дали одговара на нивните потреби. | 93545 | УСД | 30-09-2022 | 30-09-2024 |
| 2022 | Поддршка за понатамошен развој на моделот на фазно пристапување на Западен Балкан во Европската Унија | Фондација Отворено општество | Овој проект има цел да поддржи понатамошна и сеопфатна аналитичка работа за детално развивање на моделот за фазно пристапување, кодизајниран од ЦЕП од Белград и ЦЕПС од Брисел. | 150000 | УСД | 01-09-2022 | 31-05-2023 |
| 2022 | WeBER2.0 (Зајакнување на граѓанското општество од западниот Балкан за реформирана јавна администрација) (ко-финансирање) | BCSDN | Зајакнување на организациите на граѓанското општество во Западен Балкан за вклучување во дизајнирањето и спроведувањето на реформата на јавната администрација (РЈА) во согласност со барањата на процесот за пристапување во ЕУ. | EUR | 01-06-2022 | 31-10-2022 | |
| 2022 | За правда – граѓански придонес за унапредување на правосудството | Фондација Отворено Општество – Македонија | Зголемување на влијанието на граѓанските организации во процесот на реформи во правосудството како предуслов за заштита на човековите права и обезбедување социјална правда.
Краткорочни цели
3. Зајакнување на активностите за застапување засновано на докази во областа на правосудството од страна на граѓанските организации. |
44997 | УСД | 01-06-2022 | 31-12-2022 |
| 2022 | Енергетска безбедност на земјите од Западен Балкан | БПРГ | Регионален проект кој има за цел да даде сеопфатна анализа за енергетската безбедност на шесте земји од Западен Балкан. | 2500 | ЕУР | 01-06-2022 | 31-12-2022 |
| 2022 | Од одговорност до отчетност: Известување за Корпоративна општествена одговорност како средство за ангажиран приватен сектор | БЦСДН – Балканска мрежа за развој на граѓанското општество | Истражувачкиот проект има за цел да утврди дали регулаторната рамка во однос на обврските на компаниите за известување за корпоративната одржливост во Северна Македонија е усогласена со барањата на Европската унија и да ги утврди практиките за известување за одржливост на компаниите кои котиранат на Македонската берза | 2500 | ЕУР | 31-05-2022 | 30-10-2022 |
| 2022 | Која е цената за Западен Балкан: Постојни и нови инструменти за проширување на ЕУ | Европска Унија | Проектот ги поддржува застапувачките активности на поддржува мрежата Think for Europe мрежата во дискусии со институциите на ЕУ за иднината на политиката за проширување на ЕУ, како и иднината на ЕУ која го вклучува Западен Балкан како интегрален дел од Унијата. | 10320 | ЕУР | 06-04-2022 | 15-05-2022 |
| 2022 | Унапредување на фундаменталните права во пресрет на пристапувањето во ЕУ на Северна Македонија | Civil Rights Defenders | Во рамките на проектот Г.О. и јавните институции заеднички ќе работат на мониторинг базиран на докази на фундаменталните права во поглед на пристапувањето во ЕУ, ќе се зајакне капацитетот на Г.О. и јавните институции со регионалните и најдобрите практики од ЕУ и ќе се зајакне застапувањето за јавни полики од страна на Г.О. за фундаментални права. | 220000 | СЕК | 01-04-2022 | 31-12-2022 |
| 2022 | Градиме мостови за заедничка иднина: Владеењето на правото во насока на пристапувањето во ЕУ | Европска Унија | Проектот има цел да помогне во креирањето на одржливи реформи за владеење на правото во насока на пристапувањето во Европската Унија. | 68297 | ЕУР | 01-01-2022 | 31-12-2022 |
| Година | Наслов | Извор на финансирање | Опис | Сума | Валута | Времетраење од |
До |
| 2021 | Обезбедување поддршка за идентификување и активирање на нациионалните чинители во ресурсни партнерства со УСАИД | Консалтинг за стратешки развој (КСР) | Идентификување и активирање на националните чинители во ресурсни партнерства со УСАИД со цел постигнување на развојната цел за намалување на корупцијата на земјата во рамки на Стратегијата на УСАИД за развој и соработка со Северна Македонија 2021-2025 година. | 546000 | МКД | 08-10-2021 | 31-05-2022 |
| 2021 | Поддршка на локалните организации на цивилното општество – иницијативи за транзициска правда и градење доверба во Западен Балкан | РЕКОМ мрежа на помирување | ЕПИ како партнерска организација на проектот РЕКОМ Мрежа за помирување учествуваше во имплементацијата на програмата за регрантирање. | 3471 | ЕУР | 10-09-2021 | 31-10-2022 |
| 2021 | IRIS NETWORKing – CSOs for protection sensitive migration management | Arbeiter-Samariter-Bund | Консултациска услуга за евалуација на проектот | 4000 | ЕУР | 01-09-2021 | 30-10-2021 |
| 2021 | Независно контекстуално набљудување за потребите од следење на Швајцарската програма за соработка со Северна Македонија 2021-2024 | Амбасада на Швајцарија во Северна Македонија/Швајцарска агенција за развој и соработка (СДЦ) | Институтот за европска политика (ЕПИ) – Скопје беше избран да направи независно контекстуално набљудување за потребите на мониторингот на Швајцарската програма за соработка со Северна Македонија. | 913334 | МКД | 29-06-2021 | 30-09-2021 |
| 2021 | Поддршка за спроведување на Национални стратегии за реинтеграција |
Светска Банка | Зајакнување на капацитетите на корисниците на Западен Балкан на централно и локално ниво да спроведат успешни политики за реинтеграција на повратниците и ефективно да одговорат на потребите на ранливите повратници. | 7900 | УСД | 07-05-2021 | 30-06-2021 |
| 2021 | Мапирање, структурирање и мониторинг на засегнатите страни на NDS | UNDP | Мапирање и ангажирање на засегнатите страни; Воспоставување на меѓусекторска оперативна структура; и зацртување на механизмите за имплементација и мониторинг на Националната стратегија за развој 2021-2024 година | 487.104 | МКД | 24-03-2021 | 23-04-2021 |
| 2021 | WeBER2.0 (Зајакнување на граѓанското општество од западниот Балкан за реформирана јавна администрација) (ко-финансирање) | BCSDN | Проектот ќе придонесе за трасирање на патот за две клучни компоненти на значајно вклучување на граѓанските организации: структурен дијалог со владите и добра доказна основа за ангажман. Тој се осврнува на предизвикот на недоволното локално побарување за РЈА, што останува да се реформира мотивирано од надворешни актери (ЕУ и СИГМА). Проектот одговара на предизвикот со вклучување на граѓански организации во дијалогот за РЈА препознавајќи го тоа како клучен фактор за избегнување на понатамошно заостанување во реформите во управувањето и владеењето на правото во пред и по пристапниот контекст. | 7073 | ЕУР | 01-02-2021 | 31-07-2021 |
| 2021 | Кампања за застапување и лобирање „Разбистри сè“ | Британска Амбасада | Кампањата за застапување и лобирање „Разбистри сè“ има за цел да ја подигне свесноста на граѓаните и да го зголеми влијанието за носење или промени на јавните политики. Кампањата се фокусира на потребата за одржливо управување со водата и за поефикасен инспекциски надзор против прекумерното искористување на природните ресурси. | 4500 | ЕУР | 01-01-2021 | 31-12-2021 |
| Година | Наслов | Извор на финансирање | Опис | Сума | Валута | Времетраење од |
До |
| 2020 | Негување на политичкиот плурализам и демократски вредности | Национална фондација за демократија | Да се поттикне политичкиот плурализам и да се промовира конструктивна дебата за клучни прашања од национален интерес. ЕПИ ќе ја користи поддршката од НЕД за да продолжи да поттикнува политички плурализам и да промовира конструктивна дебата за иднината на земјата. Преку јавни дебати за клучните прашања од национален интерес, ќе се поттикне информирана дискусија, независно и критичко размислување и политички плурализам. Граѓани, експерти и креатори на политики од целиот политички и етнички спектар ќе учествуваат во програмата. | 110000 | УСД | 01-10-2020 | 30-09-2022 |
| 2020 | Медијација, без дилема! | Амбасада на Кралството Холандија во Скопје (Програма МАТРА) | Да придонесе кон зголемување на стапката на користење на медијацијата како алтернативен начин за решавање на споровите.
Специфични цели: |
8089384 | МКД | 01-09-2020 | 31-08-2022 |
| 2020 | Подготовка на Извештај во сенка за Поглавје 19 и 24 за Северна Македонија | Ла Страда | Подготовка на Извештај во сенка за Поглавје 19 и 24 за Северна Македонија. Извештајот во сенка има за цел да обезбеди увид во политиките за обезбедувањето на социјални услуги за мигрантите во релевантните политики: инклузивно образование, социјално вклучување, вклучување на пазарот на трудот итн. | 2000 | ЕУР | 15-08-2020 | 15-10-2020 |
| 2020 | За правда – Следење на спроведувањето на Стратегијата за реформи во правосудството 2020-2021 | Фондација Отворено Општество – Македонија | Зголемено учество на граѓанските организации во процесот на следење и застапување за реформи во правосудството во Република Северна Македонија во процесот на пристапување кон Европската унија
Краткорочни цели: |
2160 | УСД | 01-05-2020 | 31-12-2020 |
| 2020 | Градејќи заедничка иднина: ЕУ и западниот Балкан преку младинска перспектива | Европска комисија | Овој проект директно придонесува за инклузивно и партиципативно креирање политики на ниво на ЕУ преку вметнување на придонесот на граѓаните во формулирање и редефинирање на политиката за проширување на ЕУ кон Западен Балкан. Проектот ќе се обиде да им појасни и на граѓаните на ЕУ и на западен Балкан, со особен фокус на младите, за заеднички предизвици преку: адресирање на транзициските проблеми од заеднички интерес и грижа како климатските промени, безбедноста, околината, економските можности, промоција на интеркултурен дијалог и подигнување на свеста за заедничкото наследство. Овој прокет ќе придонесе за постигнување на специфичните цели за мотивирање на демократско и граѓанско учество на младите, преку развивање на граѓанското разбирање на процесот на креирање на политики. | 143640 | EUR | 09-03-2020 | / |
| Година | Наслов | Извор на финансирање | Опис | Сума | Валута | Времетраење од |
До |
| 2019 | WeBER2.0 (Зајакнување на граѓанското општество од западниот Балкан за реформирана јавна администрација) | Европска комисија | Влијанието што WeBER 2.0 се очекува да го креира е да ги зајакне граѓанското општество, „вооружено“ со знаење, вештини и алатки за следење на РЈА и да ги држи нивните национални и локални влади одговорни за квалитетот на политиките што ги спроведуваат, услугите што ги нудат и за целосниот менаџмент на државата и локалните влади и администрации. | 173827 | EUR | 24-12-2019 | 24-06-2023 |
| 2019 | „Партнерство Јустиција – вградување на европските стандарди во правосудниот систем“ | Влада на Република Северна Македонија | Зајакнување на капацитетите на граѓанските организации и засегнати страни од правосудиот сектор за учество во процесот на реформи во правосудството преку размена на искуства, вклучително и пренесување на најдобрите практики од ЕУ; 2. Поддршка и промовирање на суштински дијалог за реформите во правосудниот сектор меѓу граѓанските организации, засегнатите страни и граѓаните, преку застапување на јавните политики | 599138 | MKD | 18-10-2019 | 17-06-2020 |
| 2019 | Негување на политичкиот плурализам и демократски вредности | Национална фондација за демократија | Проектот има цел да го поттикне учеството на граѓаните во развојот и унапредувањето на демократските и реформските процеси на земјата. Проектот е предвиден како продолжение на тековниот НЕД проект на ЕПИ во партнерство со универзитетот Стенфорд наречен „АКТ – Активно граѓанско делување“. Градејќи ги наодите од тековниот проект и преку подлабоко испитување на факторите кои ја попречуваат или олеснуваат демократската консолидација, ACTED ќе им овозможи на граѓаните дополнително да ги образложат своите ставови за специфични теми и да придонесат за зајакнување на реформските процеси на земјата. Покрај тоа, активностите и целите се поставени да овозможат инклузивно учество на граѓаните преку предвидените настани за дијалог за политики кои им отвораат можност на граѓаните да разговараат за нивните ставови, размислувања и предлози за насоката што земјата треба да ја преземе за унапредување на сегашната состојба. | 49000 | USD | 01-10-2019 | 30-09-2020 |
| 2019 | За правда – Следење на спроведувањето на Стратегијата за реформи во правосудството 2019 – 2022“ | Фондација Отворено Општество – Македонија | Главна цел на проектот „За правда – Следење на спроведувањето на Стратегијата за реформи во правосудството 2019 – 2022“ е да го зголеми импактот на граѓанските организации на процесот на имплементација на Стратегијата за реформи во правосудството (2017-2022) и да ги зајакне независноста и непристрасноста на судскиот систем. | 2160 | USD | 01-07-2019 | 29-02-2020 |
| 2019 | Civil Society Support Facility – CSSF Macedonia | Цивика мобилитас – МЦМС | Институционален грант од програмата на Цивика мобилитас. | 4.498.752 | MKD | 01-07-2019 | 30-09-2022 |
| 2019 | Процена на ефикасноста на Независните национални тела за човекови права | Civil Rights Defenders | Целта на овој ангажман е проценка и евалуација на ефикасноста на националните тела за човекови права во земјите од Западниот Балкан и нивната усогласеност со меѓународните стандарди. Соработувајќи со Civil Rights Defenders, експертите ќе развијат детална методологија која ќе овозможи евалуација на постоечките услови потребни за националните тела за човекови права да ја исполнат нивната мисија, како и да ја евалуираат нивната ефикасност | 17400 | EUR | 28-06-2019 | 10-11-2019 |
| 2019 | Зајакнување на граѓанското учество во законодавниот процес | Национален демократски институт – НДИ | Целта на иницијативата „Реинтеграција преку правичен пристап до права“ која што ја спроведува ЕПИ со поддршка на НДИ е да се овозможи одржлива реинтеграција на повратници. Оваа иницијатива се спроведува за да се подобри квалитетот на живот на повратниците од ранливи категории, да придонесе кон пристапувањето во ЕУ преку дополнитени реформи на политиките во поглед на Поглавје 23 и 24, како и да се подобри законската рамка поврзана со договорите за реадмисија и повратниците | 267990 | MKD | 10-05-2019 | 30-09-2020 |
| 2019 | Европската интеграција на Западен Балкан: Наоѓање реалистична насока во услови на променлива цел | Фонд за западен балкан | Овој проект има цел да го процени влијанието на настаните од 2019 (Брегзит, евроизбори) врз перспективите за интеграција на земјите од Западен Балкан и позитивно да придонесе кон процесот. Овој проект обединува три организации со искуство во ЕУ интеграции и ќе произведе 3 документи за политики коивнимателно и прецизно ќе ја проценат актуелната ситуација и последните предизвици. Тие ќе ги следат изборите во мај 2019 и наративот околу последните чекори на Брегзит. Нивните препораки ќе бидат објавени со цел да се ограничи и намали евентуалното негативно влијание од овие настани. | 3300 | EUR | 01-05-2019 | 30-01-2020 |
| 2019 | Подготвока на стратешки план за поддршка на ефективна реинтеграција на повратници во Македонија | Светска Банка | ЕПИ помагаше на Владата на Македонија да озбезбеди техничка поддршка на Министерството за труд и совијална политика во развивањето на државна „Стратегија за враќање на македонски граѓанисогласно договорите за реадмисија на Европската Унија и Акциониот план 2019-2023“. | 10800 | EUR | 13-02-2019 | 30-05-2019 |
| 2019 | Europeanization Beyond Process – Think for Europe Network | Иницијатива Отворено Општество за Европа | Мрежата „Think for Europe (TEN)“ планира да го искористи овој грант со цел подобрување на квалитетот на комуникацијата за проширувањето на Европската Унија во поширока рамка од престојното редефинирање на ЕУ и нејзината иднина, преку зајакнување на соработката со истакнати тинк-тенкови од цела Европа. Овој проект исто така има цел да го промовира и помирувањето на земјите од Западниот Балкан и да придонесе кон интеграција на Западниот Балкан во ЕУ. | 10100 | USD | 01-01-2019 | 31-12-2020 |
| 2019 | Европска мрежа на правни експерти за родова еднаквост и недискриминација | Human European Consultancy (тендер за услуги за Европска комисија) | Оваа мрежа работи на следење на усогласеноста на домашното законодавство за недискриминација и родова еднаквост со Европското acquis во сите земји членки на ЕУ, ЕФТА земјите и во земјите-кандидатки. | 13160 | EUR | 01-01-2019 | 31-12-2019 |
| 2019 | Europeanization Beyond Process | Иницијатива Отворено оптество за Европа (OSIFE) на Фондацијата Отворено општество, администранино од OSF OSF Services Berlin GmbH | Целта на овој грант е да се помогне на Институтот за отворено општество – Скопје (ЕПИ) да ги поврзе своите истражувања и застапувања за Европеизација на национална сцена со ЕУ дискурси, градјќи одржлива агенда за ЕУ интеграцијата на национално ниво и градејќи нови наративи за проширувањето во Германија, Грција, Бугарија и Холандија. | 191592 | USD | 15-01-2019 | 15-01-2021 |
| Година | Наслов | Извор на финансирање | Опис | Сума | Валута | Времетраење од |
До |
| 2018 | Партнерство Јустиција: Враќање на довербата на граѓаните | Сектор за централно финансирање и склучување договори, Министерство за финансии – Инструмент за пред-пристапна помош (ИПА II) 2014 | Придонес за враќање на довербата на граѓаните во македонскиот правосуден сектор преку значително вклучување на граѓанското општество во суштински реформи. Специфични цели: 1. Обезбедување структуриран мониторинг и сеопфатен придонес од страна на граѓанското општество во спроведувањето на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор; 2. Зајакнување на капацитетите на граѓанските организации и засегнати страни од правосудниот сектор за учество во процесот на реформи во правосудството преку размена на искуства, вклучително и пренесување на најдобрите практики на ЕУ; 3. Поддршка и промовирање на суштински дијалог за реформите во правосудниот сектор меѓу граѓанските организации, засегнатите страни и граѓаните, преку застапување на јавните политики. |
219804,18 | EUR | 21-12-2018 | 20-6-2021 |
| 2018 | ФРАНЕТ – Агенција за темелни права на ЕУ | Агенција за темелни права на ЕУ | Агенцијата за темелни права на Европската унија (Fundamental Rights Agency, ФРА) го избра Институтот за европска политика – Скопје (ЕПИ) за свој партнер од Македонија за спроведување на истражувања во врска со прашања од нејзина надлежност. ФРА е една од децентрализираните агенции на Европската Унија и е центар на експертизата за темелни права на Европската Унија. Целта на оваа агенција е да дава експертска поддршка и совети на институциите на Европската Унија и на земјите членки со цел обезбедување на заштитата на темелните права на сите лица кои живеат во ЕУ. Дел од главните теми кои ги обработува Агенцијата се: род и родова еднаквост, ЛГБТИК, Роми, лица со попреченост, расизам и нетолеранција, злосторства од омраза, информатичко општество приватност и заштита на податоци, азил и миграции, пристап до правда и права на детето.
Со ова, ЕПИ станува дел од ФРАНЕТ – мултидисциплинарната истражувачка мрежа на Агенцијата која постои од 2011 година, а во која се вклучени по еден истражувачки партнер или конзорциум од секоја земја членка на Европската Унија, а која од оваа година се прошири и во Македонија. ФРАНЕТ изработува тематски студии, извештаи и кратки известувања во врска со различни прашања поврзани со темелните права. |
Максимум: 250000 | EUR | 04-12-2018 | 04-12-2022 |
| 2018 | Мапирање на ранливостите: Кои се повратниците и во колкава мера нивните потреби се разликуваат од оние на ‘редовното’ население? | Светска банка | Целта на проектот беше да се истражат дополнителни аспекти од ранливостите на повратниците во смисла на тоа со кои потешкотии и предизвици се соочуваат при враќањето во Република Македонија, но и какви планови имаат за во иднина. Покрај повратниците од ромската етничка заедница, фокусот беше ставен и на повратниците од албанската етничка заедница.
Ова истражување опфати спроведување на фокус групи со повратници, интервјуа со претставници од меѓународни и национални организации и претставници од Министерството за внатрешни работи и Министерството за труд и социјална политика. |
6450 | USD | 01-02-18 | 31-05-18 |
| 2018 | Ангажирање на приватниот сектор во образованието за претприемништво | Центарот за меѓународно приватно претприемништво (CIPE) | Целта на проектот „Ангажирање на приватниот сектор во образованието за претприемништво“ е да се зголемат капацитетите на младите од Македонија за да се вклучат во претприемништво, да се зголеми улогата на приватниот сектор во образованието за претприемништво и да се зголеми поддршката на политики кои ги подобруваат економските услови за младите од државата.
Во рамките на проектот се подготвува истражување за можностите и бариерите за претприемништво, вработување во приватниот сектор вклучувајќи и финансирање на нови бизниси. Во рамки на проектот се подготвува и подкастот „Skills that pay the bills“, едукативна програма, кампања за подигање на свесност и застапување и истражување за приликите при вработување. |
21111,34 | USD | 01-7-2018 | 30-6-2019 |
| 2018 | Национална демократска дебата – промовирање на успешна демократска транзиција во Македонија | Национална фондација за демократија | Општата цел на проектот е да овозможи демократска дебата на национално ниво, со што ќе се промовира демократска консолидација на Македонија врз основа на вредности. Специфичните цели се: Ц1: Зголемување на вклученоста на сите политички чинители во процесот на демократизација на земјата преку учество на репрезентативен примерок во дебатна анкета за состојбата на демократијата во земјата; Ц2: Анализирање дали инклузивна јавна дискусија придонесува кон промена на мислењето на граѓаните за состојбата на демократијата; и Ц3: Зголемување на свеста на сите политички чинители во процесот (граѓани, експерти, политичари) за важноста на инклузивна и објективна јавна дебата за земјата и насоката на демократија во земјата. |
61435 | USD | 10-01-18 | 10-01-19 |
| 2018 | Граѓанска дебата за НАТО | Министерство за одбрана на Република Македонија | Општата цел на проектот е да се придонесе кон пристапувањето во НАТО преку дебата базирана на докази и аргументи, која ќе го подобри разбирањето кај граѓаните за членството на Република Македонија во НАТО. | 399010 | МКД | 08-01-18 | 12-31-18 |
| 2018 | Мрежа 23 – Вмрежување за влијание (NETWIT 23) | Балканскот фонд за демократија и Амбасадата на Кралството Норвешка во Белград | Општата цел на проектот е да се придонесе за зголемување на влијанието на граѓанското општество во создавањето на политиките во областа на Поглавјето 23 – правосудство и темелни права, во контекст на европската интеграција. | 41682 | EUR | 05-15-18 | 05-15-19 |
| 2018 | Примената на ПВР врз Законот за судови | Институт за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје | Целта на проектот е да се унапреди приментата на проценката на влијанието на регулативата (ПВР) во корпусот закони кои произлегуваат од Реформата на правосудството во Република Македонија. Дополнителна цел е да се препознае корисноста на ПВР алатката во процесот на донесување одлуки и да се унапреди квалитетот на процесот на донесување на одлуки заснован на докази и истражување. | 9991 | EUR | 01-01-18 | 12-31-18 |
| Година | Наслов | Извор на финансирање | Опис | Сума | Валута | Времетраење од |
До |
| 2017 | Социјални права за ранливи групи (SoRi) | Германска канцеларија за развој и соработка (GIZ) | Целта на регионалниот проект е да се подобри состојбата за обезбедување еднавки социјални права за ранливите групи во избраните општини на Западен Балкан. Во фокусот на пристапот за човекови права на проектот се државните институции, кои се обврзани да ги гарантираат човековите права и социјалните услуги, но исто така и невладините организации кои даваат услуги. Нивните капацитети (и индивидуалните капацитети на работодавачите и организационите капацитети на институциите) треба да зајакнат со овој проект. | 450000 | MKD | 25-09-17 | 15-07-19 |
| 2017 | Ефектите на инструментите од процесот за стабилизација и асоцијација врз европската интергација и регионалната соработка на ЗБ6 | Министерството за надворешни работи на С.Р. Германија и Фондацијата институт отворено општество | Главната цел е да придонесе за дискусија основана на факти во јавноста за ефектите ефектите од европската интеграција на Западниот Балкан преку обезбедување на длабоки анализи за влијанието на ССА во Србија, Албанија и Македонија и ЦЕФТА2006 во сите земји-членки врз основа на истражување базирано на цврсти факти. | 7500 | EUR | 09-01-17 | 12-31-18 |
| 2017 | Заедничка акција за итни реформи во судството | УСАИД – Фондација Отворено општество – Македонија | Општа цел на проектот е зајакнување на транспарентноста, отчетноста и професионалноста на органите на правосудството Краткорочни (специфични) цели: – Зајакнување на структурниот мониторинг над реализацијата на Итните Реформски Приоритети (ИРП) во правосудството; – Унапредување на јавната дебата за имплементирање на ИРП во правосудството преку граѓанско застапување. |
4530 | USD | 07-01-17 | 06-30-18 |
| 2017 | Поттикнување одржлива реинтеграција на Роми повратници во Македонија | OSI TTF_RIO Иницијатива за отворено општество – Тинк Тенк Фонд – Канцеларија за ромски иницијативи | Проектот ќе се фокусира на политиките и практиките кои се однесуваат на Ромите повратници, како и на нивните грижи и потреби. Проблемите за реинтегрирање на Ромите повратници во Македонија ќе бидат истражувани преку локални соработници од пет селектирани општини, кои ќе работат со семејства на повратници. Семејствата на повратниците на крај ќе добијат соодветни обуки за стекнување вештини, кои ќе им помогнат за идно вработување. | 67176.20 | USD | 01-01-17 | 12-31-17 |
| 2017 | Одредници за ЕУ реформи – колку се ефикасни? БЕНЧЕР | European Fund for the Balkans | Утврдување на ефикасноста на одредниците за членство во ЕУ на земјите од Западниот Балкан и придонесување кон подобрување на овој механизам како поттик за ЕУ реформи во земјите од регионот. | 8613 | EUR | 01-01-17 | 12-31-17 |
| Година | Наслов | Извор на финансирање | Опис | Сума | Валута | Времетраење од |
До |
| 2016 | Национална дебата за ЕУ | Civika Mobilitas | Придонес за зајакнување на културата на јавна дебата во Република Македонија | 1991096 | MKD | 07-01-16 | 03-31-17 |
| 2016 | Правда: Следење на доброто владеење до раст – Judgment | RCC – Regional Cooperation Council | Целта на проектот е да придонесе до воспоставување на механизан за Граѓанските организацииза селедење на исполнувањето на индикаторите од Стратегијата Југоисточна Европа 2020, во делот на димензијата со добро владеење до раст. | 44000 | EUR | 07-10-16 | 12-31-16 |
| 2016 | Градење на идната генерација на млади лидери | Center for International Private Enterprise (CIPE) | Вклучување на главната група на млади лидери од Македонија во граѓанско учество и претприемачки активности, воедно и да ја зголеми информираноста на јавниот дискурс за клучните демократски и економски теми. CIPE во партнерство со Младинскиот образовен форум и Институтот за европска политика ќе имплементираат сеопфатна лидерска програма за да ја изградат новата генерација на млади претприемачки и граќански лидери. CIPE и неговите партнери ќе подржат малди практиканти да ги истражат институционалните фактори кои придонесуваат до невработеност на младите и од исклучување од процесот на креирање на политики, како и споделување на наодите на тркалезна маса со присуство на засегнатите страни и преку нови медиуми. | 88640 | USD | 07-01-16 | 07-01-17 |
| 2016 | Нега за негувател(к)ите: Анализа на политиките за неформална нега во Македонија и Босна и Херцеговина | Regional Research Promotion Programme in Western Balkan (RRPP) | Овој проект е надоградба на „(НЕ)Еднаквостите во социјалната заштита: анализа на повеќе нивоа за интерсекционалноста во давањето социјална помош – Компаративна студија.“ Проектот се состои во спроведување анализа на политики на неформална, долгорочна грижа со фокус на неформалните негуватели и нивно застапување. | 19998 | CHF | 06-01-16 | 11-30-16 |
| 2016 | Мониторинг на владеење на правото во Западен Балкан (MERLIN) | Европски фонд за Балканот (ЕФБ) | Целта на проектот е да постави регионален координативен механизам за демократија и владеење на правото, кој ќе се рефлектира преку имплементација на поглавјето 23 – Правосудство и фундаментални права и Поглавје 24 – Правда, слобода и безбедност во Македонија, Србија и Црна Гора | 29960 | EUR | 01-01-16 | 12-31-16 |
| 2016 | Мрежа 23+ | Делегација на ЕУ – ИПА | Специфична цел на проектот е да придонесе преку вградување на принципите на владеење на правото, отелотворени во поглавјето 23, во Република Макдеонија, преку структуиран инпут на Мрежа 23+ | 313506 | EUR | 01-01-16 | 12-31-17 |
| Година | Наслов | Извор на финансирање | Опис | Сума | Валута | Времетраење од |
До |
| 2015 | WEBER – Проект за Западен Блакан за воспоставување на мониторинг на граѓанското општество врз реформата на јавната администрација | ИПА програма за повеќе земји | Главната цел е да се зголеми релевантноста, учество и на капацитетите на граѓанските организации и медиумите во Западен Балкан со цел да се залагаат и да влијаат на дизајнирањето и имплементацијата на реформите во јавната администрација | 179874.49 | EUR | 12-15-15 | 12-15-18 |
| 2015 | Борба против бариерите за излез: Македонските Роми на границите | Фондација институт отворено општество (FOSI) | Овој проект ќе испита како процесот на визна либерализација како иснтрумент за европеизација резултирање со вградување на политиките што ја ограничуваа слободата на движење на Ромите во случајот со Македонија | 77970 | USD | 12-18-15 | 12-18-16 |
| 2015 | Мрежа 23: Следење на итните реформски приоритети | Амбасада на кралството Холандија | Општа цел на проектот е да придонесе кон мониторинг и застапување на имплементацијата на политичкиот договор и итните реформски приоритети на ЕК, преку структуиран импут од Мрежа 23 | 17522 | EUR | 09-15-15 | 12-31-15 |
| 2015 | Дијалози за визија | Британска амбасада – Скопје | Зајакнување на дијалогот за клучните прашања со кои се соочува македонското општество, преку креирање на политики базирани на докази | 99385 | GBP | 05-01-15 | 03-31-16 |
| 2015 | Зајакнување на организациите за заштита на потрошувачите за подобри општински услуги во Југоисточна Европа | Германско друштво за меѓународна соработка (ГИЗ) | Главна цел на проектот е да ги зајакне капацитетите на организациите за заштита на потрошувачите и други тела на локално и национално ниво во Југоисточна Европа, особено во контекст на Европска интеграција. Проектот ќе ја подобри заштитата на потрошувачите и нивните интереси и ќе ја зголеми меѓусебната доверба помеѓу корисниците и давателите на услуги, и со тоа ќе придонесе за подобрување на квалитетот на услугите | 59820 | EUR | 02-15-15 | 03-15-16 |
| 2015 | Подобрување на квалитетите за истражување, комуникации и внатрешен развој | Фондација за отворени општества – Фонд за мисловни лаборатории (TTF) | Грант за организационен развој | 100277 | USD | 05-01-15 | 04-30-17 |
| 2015 | Имплементирање на принципот на превична застапеност во Македонија | УСАИД – Фондација Отворено општество – Македонија | Целта на проектот е да се процени моменталната спроведување на принципот на правична застапеност, предвиден во Охридскиот рамковен договор, во македонската јавна администрација | 38682 | USD | 01-21-15 | 01-20-16 |
| 2015 | Мрежа 23 | Амбасада на кралството Холандија | Финансиска контрибуција за имплементирање на Мрежа 23 | 38500 | EUR | 04-30-14 | 07-31-15 |
| 2015 | Ревизија на успешност и евалуација на политиките: На исти или паралелни патеки? Во соработка со Центарот за европски политики (CEP) од Белград како носител на проектот и Институтот Алтернатива од Подгорица | Регионална програма за промовирање на истражувањата (Швајцарска агенција за развој и соработка) | Целта на проектот е да се анализира врската помеќу ревизијата на успешност и евалуација на политиките, на нивната комплиментарност и можноста да се користат наодите од ревизијата за зајакнување на евалуацијата на политиките, консеквентно да се зајакне процесот на носење на одлуките на земјите од конзорциумот | 28805 | CHF | 08-01-14 | 07-31-15 |
| 2015 | Нееднаквостите во социјалната заштита: анализа на повеќе нивоа во интерсекционалноста на давање на социјална заштита – Компаративна студија | Регионална програма за промовирање на истражувањата (Швајцарска агенција за развој и соработка) | Истражување за интерсекционалноста на нееднаквоста во социјалната заштита во Босна и Херцеговина и Македонија, на симболично, структурално и индивидуално ниво | 67240 | CHF | 08-01-14 | 07-31-15 |
| Година | Наслов | Извор на финансирање | Опис | Сума | Валута | Времетраење од |
До |
| 2014 | Мрежа 23 | Делегација на ЕУ – ИПА | Грант за создавање мрежа од граѓански организации за следење, евалуација и застапување на политиките во рамки на Поглавјето 23 од пристапните преговори во ЕУ – Правосудство и темелни права. | 158858 | EUR | 04-30-14 | 07-31-15 |
| 2014 | Еврозум (ко-апликант) | Делегација на ЕУ – ИПА | Грант за подготовка и емитување на 24 емисии Еврозум за процесот на преговори за членство во Европската Унија | 10000 | EUR | 01-15-14 | 01-15-15 |
| 2014 | Анализа на граѓанските организации во нивниот активизам во социјалните, трудовите и прашањата поврзани со заштита на човековите парава и нивниот капацитет за користење на ЕУ фондови | УСАИД – Фондација Отворено општество – Македонија | Мал истражувачки грант за поготовка на истражување на финансирањето на граѓанските организации во рамки на ИПА за реализација на проекти во областа на анти-дискриминацијата | 2400 | USD | 01-01-14 | 06-30-14 |
| Година | Наслов | Извор на финансирање | Опис | Сума | Валута | Времетраење од |
До |
| 2013 | Зајакнување на парламентарната контрола врз користењето на фондовите на ЕУ во Западен Балкан | Вестминстер фондација за демократија (ВФД) | Договор за подготовка на прирачник за пратениците и парламентарните служби во земјите од Западен Балкан за Инструментот за претпристапна помош (ИПА) и спроведување обуки за поттикнување на надзорната улога на парламентот врз ИПА | 7150 | GBP | 08-08-13 | 03-31-15 |
| 2013 | ЕПИ Грант | Фондација за отворени општества – Фонд за мисловни лаборатории (TTF) | Грант за поддршка на институционалното и организационото поставување на ЕПИ, како и развој на програмските активности на Институтот. | 95000 | USD | 04-15-13 | 04-15-15 |
| 2013 | Партнерство во користењето на фондовите на ЕУ | УСАИД – Фондација Отворено општество – Македонија | Мал истражувачки грант за истражување за значењето на принципот на партнерство помеѓу државните институции и граѓанскиот сектор во користењето на фондовите на ЕУ | 2400 | USD | 02-01-13 | 07-31-13 |
| 2013 | Вградување на знаењето за ЕУ | Амбасада на Обединетото Кралство | Проект за формирање неформална мрежа од македонски експерти кои ги завршиле своите постдипломски/докторски студии надвор од земјата во областа на политиките и законодавството на ЕУ. | 17000 | GBP | 02-01-13 | 04-30-13 |
| 2013 | ИПАДАТА | Балкански фонд за демократија (БТД) | Грант за воспоставување структуиран и незавизен механизам за документирање на сите документи и процеси поврзани со реализацијата на фондовите од ИПА во Република Македонија | 21000 | USD | 01-20-13 | 01-14-14 |
| Година | Наслов | Извор на финансирање | Опис | Сума | Валута | Времетраење од |
До |
| 2012 | Администрацијата во огледалото на европската рамка за процена | Словачко – Балкански Фонд за јавна политика (фондација ПОНТИС) | Грант за истражување за поттикнување на примената на Заедничката рамка за процена на јавната админиситрација во Република Македонија, користејќи го примерот на Република Словачка | 4444 | EUR | 02-29-12 | 06-30-12 |
| 2012 | Зајакнување на парламентарната контрола врз користењето на ЕУ фондовите во Република Македонија | Европски фонд за Балканот (ЕФБ) | Грант во рамките на регионалната иницијативата Think and Link 2012 за истражување за механизмите за зајакнување на парламентарната контрола врз користењето на ЕУ фондовите во Република Македонија | 15000 | ЕУР | 05-01-13 | 03-15-13 |
| 2012 | Следење на користењето на фондовите на ЕУ во Република Македонија | Фондација Фридрих Еберт (ФЕС) | Проект за истражување за користењето на фондовите на ЕУ во Република Македонија, како основа за расправа во Националниот совет за евроинтеграции; издавање и промоција на збирка трудови | 16184 | EUR | 04-01-12 | 11-30-13 |
| Година | Наслов | Извор на финансирање | Опис | Сума | Валута | Времетраење од |
До |
| 2011 | Поддршка во унапредувањето на спроведувањето на медијацијата во Република Македонија | Амбасада на Кралството Холандија во Скопје (Програма МАТРА) | Прокет за техничка помош на Министерството за правда за подобрувањето на имплементацијата на медијацијата во граѓанските и трговските спорови во Република Македонија, со цел создавање нормативна и институционална околина поволна за одржлив развој на медијацијата во Македонија. |
5663490 | MKD | 7.12.2011 | 7.07.2013 |
| 2011 | ЕПИ Грант | Фондација за отворени општества – Фонд за мисловни лаборатории (TTF) | Грантот обезбеди институционално и организационо поставување на ЕПИ, како и развој на програмските активности на Институтот. | 40000 | USD | 1.11.2011 | 31.10.2012 |