Извештајот за владеење на правото е клучен инструмент за Европската унија, кој служи и како дијагностичка алатка и како превентивен механизам за следење на состојбата на владеењето на правото во земјите-членки. Со процена на клучните области – правосудниот систем, мерките против корупцијата, медиумскиот плурализам и институционалните кочници и рамнотежа, Извештајот дава сеопфатен преглед на силните страни и предизвиците за владеењето на правото.
Извештајот поаѓа од становиштето дека владеењето на правото е основата на која „ЕУ стои цврсто, истовремено оценувајќи дека меѓународниот правен поредок, темелните права и демократските системи се ’под сè поголем притисок‘“.
Клучен елемент на овој инструмент е дијалогот – и како метод на работа и како промовирање култура на отворен дијалог.
Годинешниот Извештај за владеење на правото во ЕУ (ИВП) е петтиот ваков извештај за земјите-членки, а вториот во кој се вклучени земјите-кандидатки Албанија, Македонија, Србија и Црна Гора, со најава за можно вклучување на нови држави-кандидатки, „кога ќе бидат подготвени за тоа“.
Значењето на овој извештај за државите-кандидати се зголемува со јакнењето на кластерот „Темели“, кој го покрива владеењето на правото како катализатор на процесот на пристапување.