Кратка анализа на измените на законите за основно и средно образование и нивната усогласеност со директивите за недискриминација на Европската Унија

Оваа анализа ги презентира и оценува последните измени на законите за основно и средно образование во Република Северна Македонија и нивната усогласеност со директивите за недискриминација на Европската Унија. Врз основа на утврдените недостатоци, анализата дава конкретни препораки за усогласување на националната законска рамка со европските стандарди, за зајакнување на механизмите за заштита од дискриминација и обезбедување на инклузивно и еднакво образование за сите ученици.