Повик за изразување интерес за приклучување кон Националниот консултативен механизам за Реформската агенда 2024-2027 (НКМ-РА) на Северна Македонија

Институтот за европска политика – Скопје (ЕПИ) како координатор на регионалниот проект „Следење реформи и раст во Западен Балкан“ кој се спроведува во партнерство со партнерите од мрежата „Мисли за Европа“ (Think for Europe Network (TEN)),  ги повикува сите заинтересирани граѓански организации (ГО), стопански комори, социјални партнери, академската заедница и други засегнати чинители во Северна Македонија да го изразат својот интерес за учество во Националниот консултативен механизам за Реформската агенда 2024-2027 (НКМ-РА).

НКМ-РА е национална консултативна плаформа што овозможува структуриран, инклузивен дијалог заснован врз докази помеѓу јавните институции, ГО, стопанските комори, академската заедница, и други засегнати чинители, за спроведувањето и следењето на Реформската агенда 2024-2027 во Северна Македонија во рамки на Инструментот за реформи и раст за Западен Балкан на Еврпската Унија.
 
За да се приклучите на платформата пополнете го формуларот достапен на следниот линк: https://forms.gle/dywEeFPyuqhtvH4j6  најдоцна до 28 април 2025 година.
 
НКМ-РА е платформа отворена за сите невладини чинители со искуство или интерес за следење на Планот за раст, Реформската агенда и/или процесите на ЕУ интеграција. Ова вклучува граѓански организации, академска заедница, стопански комори, социјални партнери и други релевантни чинители. Од учесниците во консултативниот механизам НКМ–РА се очекува конструктивен придонес и почитување на принципите на инклузивност, транспарентност и дијалог заснован врз докази.
 
Повеќе информации за платформата и повикот може да најдете во повикот.

*Во случај на голем интерес, предност ќе се даде на организации со најмалку три години искуство во темите од областите на Планот за раст.