[Поткаст] Правни предизвици во адресирањето на домашното насилство

Слушнете го нашиот нов поткаст со судијката од Апелациониот суд во Скопје д-р Оља Ристова, во кој разговараме за домашното насилство во земјава, истакнувајќи ги правните аспекти, предизвиците во известувањето и гонењето, како и предложените измени на Кривичниот законик.

Судијката Ристова зборува за стапките на случаи на семејно насилство, како и можноста за гонење на кривичното дело по службена должност, а не само по пријава на жртвата, како што е случајот сега.

Поткастот е снимен во рамките на проектот „Судска акција за заштита на човековите права“, кој е поддржан со грант Национална интервенција на регионалниот проект „SMART Balkans – Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан“ имплементиран од Centar za promociju civilnog društva (CPCD), Центар за истражување и креирање политики (CRPM) и Институт за демократија и медијација (ИДМ), а финансиски е поддржан од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка. Содржината не мора да ги одразува ставовите на Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка.