Помеѓу систем на мерит и дискреција: предизвиците на Предлогзаконот за високи раководители

Овој документ за политики го следи развојот на настаните од февруари 2026 година, кога, по долг период на одложувања и неизвесност, конечно беше отворена широка и суштинска дискусија по однос на предлог-законот. Уште од самиот почеток на неговата подготовка, ЕПИ континуирано даваше коментари и препораки преку извештаите за мониторинг на реформата на јавната администрација и своите документи за политики. Во текот на целиот процес, повеќепати укажувавме на очигледното двоумење на Владата околу донесувањето на законот и го поставувавме прашањето зошто воспоставувањето јасни критериуми и транспарентна постапка за избор на високи раководни службеници претставува толку долготраен и предизвикувачки процес.