д-р Билјана Котевска - Истражувачка координаторка

Д-р Билјана Котевска започна со работа како истражувачка во ЕПИ во август 2014 година. За време на нејзините докторски студии во Белфаст (ОК), таа ја продолжи соработката со ЕПИ како надворешна соработничка, а се врати во ЕПИ во октомври 2018 година на позицијата истражувачка координаторка. Д-р Котевска има петнаесет годишно истражувачко искуство со работа на темите еднаквост и недискриминација, национални институции за човекови права, малцински права и економски социјални и културни права, стекнато работејќи за тинк-тенк организации во регионот ЈИЕ и како експертка и консултантка за меѓународни организации (ЕУ, СнЕ и ОБСЕ) и за невладини организации (во најголем дел од Македонија). Таа е експертка за недискриминација и родова еднаквост за Македонија во мрежата на правни експертки и експерти за род и недискриминација на Европската комисија и во мрежата-претходник од јануари 2011 година, а е дел и од ФРАНЕТ тимот на ЕПИ кој работи на истражувања за Агенцијата за темелни права на Европска унија. Има дадено експертска поддршка на неколку важни национални процеси, вклучително на спремањето на нацрт за Закон за родова еднаквост (2020 година), изготвување на предлог-измени на Законот за Собранието и Деловникот за работа на Собранието во насока на родово-сензитивно Собрание (2021 година), а во моментов работи со Министерството за труд и социјална политика и Советот на Европа на изработка на новиот национален акциски план за жените Ромки.

Д-р Котевска докторираше на Школата за право на Универзитетот на Кралицата во Белфаст (Обединето Кралство) со докторско истражување „Еднавкоста и недискриминацијата во пост-југословенскиот простор: Интерсекционалноста во правото во Хрватска, Македонија и Словенија“ за кое ги доби специјалната истражувачка стипендија за докторанти на Школата за право на Универзитетот на Кралицата во Белфаст и Наградата за истражувачи на граѓанско општество на Институтот Отворено општество (Лондон/Њу јорк). Таа е дипломирана правничка од Универзитетот “Св Кирил и Методиј” (Македонија), магистерка по демократија и човекови права во југо-источна Европа од Универзитетот во Сараево (Босна и Херцеговина) и Универзитетот во Болоња (Италија), како и магистерка по право (со одлики) по меѓународно право за човекови права од Универзитетот во Есекс (Обединето Кралство). Д-р Котевска има добиено четири индивидуални истражувачки грантови и три полни стипендии доделени на јавни повици/натпревари, помеѓу кои и Чивенинг стипендијата на Канцеларијата за странство и комонвелтот на Обединетото Кралство. Членка е на неколку истражувачки центри и професионални здруженија, вклучително и на Беркли центарот за компаративно право за еднаквост и анти-дискриминација (Универзитет во Калифорнија), Академското здружение за современи европски студии (UACES), Здружението за социо-правни студии (SLSA), Центар за човекови права (Универзитетот на Кралицата во Белфаст, Обединето Кралство).

Последно од авторката

0
0
image
https://epi.org.mk/wp-content/themes/blake/
https://epi.org.mk//
#00ccff
style1
paged
Loading posts...
/home/epiopoif/public_html/
#
on
none
loading
#
Sort Gallery
https://epi.org.mk/wp-content/themes/blake
on
yes
yes
off
Enter your email here
off
off
mk