Ангел Мојсовски е истражувач во Институтот за европска политика. Ангел дипломирал политички науки на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”. Ангел работел како истражувач и како проектен-асистент на неколку проекти, тематски фокусирани на човековите права и правата на малцинствата, со посебен фокус на социјалните права. Тој има скоро петгодишно искуство во спроведување на теренски истражувања. Теми на негов истражувачки интерес се прашања од областа на социјалната политика и реформите во јавната администрација. Учествувал во обмислувањето на истражувачките методологии за истражувачките проекти на ЕПИ во кои бил ангажиран во последните три години.