[CEPS WEB] Креирање јавни политики во земјите од Западен Балкан

Целта на Центарот за Извонредност во Системите за креирање политики во Западниот Балкан (CEPS WeB) е да се создаде Центар за Извонредност во институционалните рамки на „Мисли за Европа мрежата“. Членови на оваа мрежа се шест тинк тенк организации од Западниот Балкан:

• Центар за европски политики – Белград
• Институт Алтернатива – Подгорица
• Институт за европски политики – Скопје
• Иницијатива за Надворешни политики – Сараево
• Институт за демократија и медијација – Тирана
• Група за правни и политички студии – Приштина

Проектот е финансиран во рамки на Регионалната Програма за Промовирање на Истражувањата (РППИ). РППИ промовира истражувања во општествените науки во Западниот Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија).

Истражувањата во општествените науки го помагаат разбирањето и идентификувањето на конкретните реформски потреби на земјите од регионот, како и идентификувањето на долготрајните импликации
на решенијата кои се донесуваат во врска со јавните политики.

Истражувачите добиваат поддршка преку истражувачки грантови, методолошки и тематски тренинзи, како и можности за регионално и меѓународно вмрежување и менторство. РППИ е координирана од
Меѓуфакултетскиот институт за Централна и Источна Европа (ИИЦЕЕ) при Универзитетот во Фрајбург (Швајцарија). Програмата е целосно финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ),
Федерален оддел за надворешни работи. Погледите изразени во оваа публикација се на авторките и авторите и не нужно ги одразуваат мислењата на СДЗ и на Универзитетот во Фрајбург.

Comments are closed.