[Материјали за информирање] Гласот на граѓаните во Собранието: Национална дебата за улогата на Собранието во процесот на пристапување во ЕУ

Дебатна анкета за предностите и недостатоците на улогата и моделите на вклучување на Собранието во процесот на пристапување во Европската унија

Овој документ има цел да понуди јасна и структурирана основа за размислување и дискусија за улогата и функционирањето на Собранието, со акцент на процесот на пристапување на државата во ЕУ.

Поконкретно, документот:

  • ги објаснува основните функции на Собранието во уставниот и во политичкиот систем;
  • ги идентификува структурните предизвици во неговото функционирање;
  • ги разгледува аргументите „за“ и „против“ различни толкувања на неговата улога;
  • отвора простор за критичко преиспитување на односот меѓу законодавната и извршната власт;
  • поттикнува информирана, аргументирана и инклузивна јавна дебата.