Реформа за раст: Механизам за мали грантови

Проектот  „Следење реформи и раст во Западен Балкан“, спроведуван од членови на мрежата Мисли за Европа (ТЕН) и Транспаренси Интернешнл – Босна и Херцеговина (ТИ-БиХ), со поддршка од Европската Унија, објавува Повик за предлози во рамки на Механизмот за мали грантови „Реформа за раст“.

Целта на овој Повик е да ги зајакне граѓанските организации во обезбедувањето независен мониторинг, застапување и секторски перспективи во однос на имплементацијата на Планот за раст за Западен Балкан.

Вкупен износ од 314.620 евра е доделен на SGF за поддршка на максимум 20 грантови, со период на спроведување од 10 до 12 месеци по акција. Финансиската рамка за грантовите е следна:

  • Максимален износ на грант: 16.000 евра
  • Индикативен просечен грант: 15.730 евра     

Индикативната регионална распределба е планирана на следниов начин:  

Земја Број на грантови
Србија 4
Босна и Херцеговина 4
Северна Македонија 3
Албанија 3
Косово  3
Црна Гора 3
ВКУПНО 20

За да биде подобен за грант, апликантот мора:

  • Да биде правно лице;
  • Да биде непрофитен субјект;
  • Да биде граѓанска организација чии активности се спроведуваат на национално и/или локално ниво (т.е. во рамките на една или повеќе единици на локалната самоуправа);
  • Да покаже активно и соодветно искуство во една или повеќе тематски области на овој Повик, преку својот мандат, претходни или тековни активности, истражување, следење или застапување; 
  • Да биде регистриран во една од следниве земји: Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Босна и Херцеговина или Косово, најмалку шест (6) месеци пред објавувањето на овој Повик;
  • Да биде директно одговорен за подготовката и управувањето со акцијата, а не да дејствува како посредник;
  • Да имаат доволен оперативен и финансиски капацитет за спроведување на предложената акција;
  • Да не биде корисник на средства во рамките на Програмата на ЕУ за граѓанско општество и Медиумската програма (Референтен број EuropeAid/179703/DH/ACT/Multi) во истиот период на спроведување на предложената акција.

Тематски приоритети на механизмот: 

  1. Интеграција во единствениот пазар на ЕУ;
  2. Регионална интеграција преку Заедничкиот регионален пазар (ЗРП);
  3. Приоритетни области од Реформските агенди;
  4. Спроведување на Инструментот за реформи и раст (ИРР);

За повеќе информации за овој Механизам за мали грнатови, ве молиме внимателно прочитајте го УПАТСТВО ЗА АПЛИКАНТИTE ЗА ГРАНТОВИ.

Поднесување на апликацијата

Апликациите мора да се поднесат електронски и да ги содржат следните документи:

Краен рок за поднесување: 6 мај 2026 година до 17:00 часот (CET).

Апликациите треба да се испратат на:: [email protected]; со копија: [email protected] 

Насловот на е-поштата треба да гласи: CfP: Re-form for Growth – (Country)_Application

Информативни сесии

Информативните сесии за заинтересираните кандидати ќе бидат организирани онлајн (преку Google Meet или Zoom) во текот на неделата од 25 март до 1 април 2026 година.

Сесиите ќе бидат организирани од соодветниот партнер за имплементација во секоја земја:

  • Северна Македонија – Институт за европска политика (ЕПИ), Скопје
  • Србија – Центар за европски политики (ЦЕП), Белград
  • Црна Гора – Институт Алтернатива (ИА), Подгорица
  • Албанија – Институт за демократија и медијација (ИДМ), Тирана
  • Косово – Група за правни и политички студии (Приштина), Приштина
  • Босна и Херцеговина – Транспаренси Интернешнл во Босна и Херцеговина (ТИ-БиХ)

Сесиите ќе дадат насоки за тематските приоритети, критериумите за подобност, условите за аплицирање и процесот на евалуација.

Детални информации за точните датуми, термини и процесот на регистрација ќе бидат објавени навремено на: www.reform-monitor.org.

Доколку е потребно, дополнителни информации може да се добијат со испраќање прашања на наведената е-пошта, најдоцна до 6 април 2026 година.